Во Активности

На ден 09.10.2018 год. ученици од I-ва година заедно со професорките Јасминка Видевска и Јулија Ликоска-Угриноска беа дел од прекрасната и исклучително интересна средба со доајенот на македонската поезија – Михаил Ренџов во библиотеката на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот Факултет “Блаже Конески” во Скопје.
Беседа за поетот даде проф. Д-р Венко Андоновски кој го претстави Михаил Ренџов како врв на една поетска продукција во Македонија. Секој стил и жанр во кој се појавил Ренџов станал единица мера за понатамошниот развој на целокупната македонска литература.
Учениците разговараа со авторот кој им раскажа како всушност дошол до идеја да го препее “Гилгамеш” едно од задолжителните дела на учениците.
Писателот Михаил Ренџов ја прифати поканата да ни гостува и во нашата училишна библиотека.

Recent Posts

Оставете коментар

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt