In Активности

И оваа година, во периодот од 6-11 октомври, нашата гимназија е дел од шестото издание на најважниот филмски фестивал за деца и млади ЏИФОНИ МАКЕДОНИЈА – фестивал на кој се прикажуваат повеќе долгометражни и краткометражни филмови, за учесниците се организираат работилници, мастеркласови, креативни и едукативни активности. Темата на овогодинешното издание на фестивалот е ВОДА (AQUA), со што “Џифони“ почнува циклус посветен на екологијата, а во наредните две години ќе следуваат темите „Воздух“ и „Земја“. Годинава од нашето училиште на фестивалот учествуваат околу 70 ученици, заедно со координаторите, професорите Марта Горовска и Јосип Стибел.

Recent Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt