Во Активности

На 7 декември 2018 г. во Мултимедијалниот центар – Мала станица во Скопје беше отворена  изложбата „Дај му форма на животот“,  како дел од проектот „Уметност за сите“ под покровителство на Министерството за култура и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.

На изложбата беа претставени изработките од креативните работилници во кои беа вклучени учениците од училиштето за деца со оштетен слух и говор „Партенија Зографски“, од училиштето за слепи лица „Димитар Влахов“ и од паралелката за меѓународна матура од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Скопје. На отворањето беше прикажан и краткиот  филм изработен за време на работилниците.  Изложбата ќе биде отворена до 17 декември 2018 г.
Recent Posts

Оставете коментар

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt