Во Активности

На крај на престојот на учениците од училиштето Адам Мицкијевиќ“ од Катовице, Република Полскаво нашето училиште беше организирана македонско – полска вечер на која присуствуваа и гости претставници од амбасадата на Р. Полска во Р. Македонија и Здружението на македонско -полско пријателство, претставници од локалната управа на Град Скопје, претставници од одборот на родители, професори како и учениците од Полска и нашите ученици – нивните домаќини. За таа цел, учениците домаќини и нивните родители подготвија традиционални македонски јадења, а беа изработени и постери со заеднички теми од литература, јазик, знаменитости и музика кои ќе бидат изложени во училиштето. На гостите од Полска, од страна на директорката Силвана Кржовска им беа поделени информативни брошури за градот Скопје и Република Македонија како и информативни материјали за нашето училиште. За време на престојот на учениците во сите активности беа вклучени професорите од Полска Зофиа Дембовска и Томаш Очадли како и професорките Гордиана Ѓоргова – координатор на меѓународна матура,  Ангелина Дамјаноска – Наумоска – професорка по визуелни уметности и Весна Талеска – Узунова – класен раководител и професорка по Теорија на спознанието.

Recent Posts

Оставете коментар

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt