In Новости

Нашето училиште, во саботата на 23 март, беше домаќин на општинските натпревари по англиски јазик за општините на град Скопје во организација на ЕЛТАМ. Натпреварите продолжуваат на регионално ниво на 13 април исто така во нашето училиште. Им честитаме на победниците од сите општини и искажуваме голема благодарност на колегите ментори и прегледувачи за поддршката. Натпреварите се подржани и од одделението за образование на Град Скопје, а учениците кои ќе победат на регионалниот натпревар на град Скопје ќе бидат и посебно наградени. Нашето училиште, соработката со ЕЛТАМ ја негува повеќе од 15 години и на тој начин придонесува за развој на наставата по англиски јазик. Посебна благодарност до тимот на професори-домаќини кои помогнаа во реализацијата на натпреварот- Гордиана Ѓоргова долгогодишен член на ЕЛТАМ , Маја Серафимовска Борозан, Алмир Мељовиќ и Дарко Костовски.

Recent Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt