In Новости

На 28.02.2019 во Галерија Ко-Ра – нов салон сутерен во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, е отворена изложбата на 51 цртеж на БОРЈАНА ВОЈНЕСКА И МАТЕЈ РИСТЕВСКИ, ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Изложбата е организирана на иницијатива на професорката по ликовна уметност Живка Коцева Караџовска, а со поддршка на директорката на Гимназијата Јосип Броз Тито Силвана Кржовска и на директорот на ЈУДомот на култура „Кочо Рацин“ Скопје, Сафет Камбери. Изложбата ја отвори Виолета Калиќ. историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура, а по повод отворањето на многубројната публика и се обрати и професорката Живка Коцева Караџовска.
Оваа изложба е во рамките на годишната програма на Галерија „Ко-Ра“ која цел да ги афирмира и поддржува младите таленти и соработката со други установи и институции од областа на културата и образованието.

Recent Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt