Учество во креативни работилници

20171127_123147
Учениците од трета година од паралелката на Меѓународна Матура заедно со учениците од ДУЦОР ,,Партенија Зографски” на 27 и 28 ноември учествуваат во креативни работилници, во рамките на проектот за ,,Социјална инклузија’’  – во Националната Галерија на Македонија (објект Чифте Амам).
Учениците работат со сликање на керамика, а од нивните изработки ќе биде организирана изложба на 1 декември, по повод Меѓународиот ден на лицата со посебни потреби.
Целта на проектот е социјализација на лицата со хендикеп и односот на идните генерации во покажување на почит и уважување на различностите.
20171127_121158 20171127_121206 20171127_121843 20171127_122122 20171127_123147