Конкурс за запишување ученици во трета година во паралелка со Меѓународна матура во учебната 2018/19г.

УСЛОВИ ЗА УПИС И КОНКУРСНИ РОКОВИ

  1. БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА

Во согласност со Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на уленици во учебната 2018.2019г. во гимназијата , “Јосип Броз Тито ” во Скопје се запишуваат 20 ученика во трета година во една паралелка со диплома програма на Меѓународна матура во која наставата ќе се изведува на англиски и македонски јазик.

 

  1. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Учениците треба да ги исплонуваат следните услови:

-да имаат завршено прва и втора година гимназиско образование;

-да го владеат англискиот јазик,

-да ги исполнат барањата утврдени со условите за прием во паралелката со Меѓународна матура:

  1. а) да изработат писмен состав на англиски јазик;
  2. б) да изработат кус состав на македонски јазик;
  3. в) да изработат општ тест на знаење од природната група предмети ( математика, хемија,) на македонски јазик;
  4. г) интервју на македонски и англиски јазик.

 

Услови за прием во паралелката со Меѓународна матура:

Се запишуваат првите 20 кандидати на ранг листа на кандидати кои конкурирале. Минимум поени за прием во програмата се 75 поени.

 

Рангирање на кандидатите:                      Можни поени 100

-успех од сведителства од прва и втора година гимназија 50 поени

Поените за успех се добиваат така што просечниот успех за секоја година од 5,00 се множи со 5 или се добиваат 25 поени за една учебна година.     

-резултати од приемен испит                                         50 поени

 

Поени од приемен испит                           вкупно           50 поени

Писмен состав на англиски јазик                                    10 поени

Кус состав на македонски јазик                                      10 поени

Тест по математика                                                           10 поени

Тест по хемија                                                                     10 поени

Интервју на англиски                                                          5 поени

Интервју на македонски јазик                                           5 поени

Доколку кандидатот приложи диплома од освоени награди на државен или меѓународен натпревар по предметите кои се застапени во програмата на Меѓународна матура тие се бодираат дополнително со 2,5 поени по диплома.

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

-пријава за запишување во трета година  ( иста како и за гимназиите),

-свидетелство за завршена прва година гимназија и потврда дека ученикот е редовен ученик во втора година гимназија, (свидетелство за завршена втора година ќе се достави дополнително),

-извод од матична книга на родените со матичен број, без разлика на датумот на издавањето,

диплома за освоени награди на државни и мешѓународни натпревари по предметите застапени во Меѓународна матура (доколку ги има),

 

  1. КОНКУРСНИ РОКОВИ

 

 Презентација на програмата за нови ученици и нивните родители

 на 26 април 2018 (четврток) во 17.00 часот во гимназијата.

 

  1. Пријавувањето на кандидатите е на од до 8 – 18  мај 2018  од

8 до 14 часот.

  1. Приемни испити се изведуваат на 12 и 14 јуни 2018 во

Гимназијата со почеток од 9часот.

  1. Изработка на писмен состав на англиски јазик и кус писмен состав на македонски јазик на 12 јуни 2018 во 9 часот,
  1. Изработка на тест на знаење по математика и хемија на 14 јуни 2018г. од 9 .oo часот
  1. Интервју на македонски и англиски јазик на 14 јуни 2018 во 11часот.
  2. Дополнително поднесување на свидетелства за завршена втора година од  25 -27 јуни  2018 г. од 9 до 12 часот.
  1. Објавување на листата на примени кандидати е на 28 јуни 2018.

 

 

СУГС ГИМНАЗИЈА ,,ЈОСИП БРОЗ ТИТО”

СКОПЈЕ

 

 

Директор

 

Татијана Стојанова – Дуева