И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С за запишивање на ученици во прва година за гимназиско образование за 2018 /2019 година

сугс јосип броз тито

сугс јосип броз тито

08-184/2

19.04.2018

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/2011, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 10/15, 98/15,145/15 ,30/16 и  142/16), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија” број 71/06, 117/08, 148/09, 17/11, 24/13, 137/13, 41/14 и 145/1530/16 и  142/16), Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта  (    објава во Март  2018   ) од Министерството за образование и наука , Училишната комисија на 19.04.2018 година донесе одлука за објавување на:

 

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

за запишивање на ученици во прва година за гимназиско образование за 2018 /2019  година

(според реден бр. 63 на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта на објавен од МОН)

                                   

  1.    БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ

Во I-ва година во учебната 2018/2019  година,  ќе се запишат:

408  ученици во 12  паралелки  60  минимум поени од кои:

10  (десет)  паралелки ( 340 ученици) на македонски наставен јазик – според наставните планови за гимназиско образование од кои една специјална паралелка со продолжителен германски јазик како странски јазик  ( со  6 шест часа неделен фонд)  и

    2  (две)   паралелки ( 68  ученици)  со настава на турски наставен јазик според наставните планови и програми за гимназиско образование

 

 

МАКЕДОНСКИ јазик   340 ученици 10 паралелки 60 мин. поени
ТУРСКИ јазик     68 ученици 2 паралелки 60 мин. поени

     

  1. II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во СУГС Гимназија ,,Јосип Броз Тито,, Скопје за учебната  2018/2019 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование,  и   Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во 2018/2019 г. и овој  Интерен оглас

                                                                                      

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование ( струка ) го има во општината, односно регионот.

Наставата се изведува  на  македонски јазик и кирилско писмо  а во 2 паралелки на  јазикот и писмото на  турската заедница.

  Условите за запишување на учениците се :

да имаат завршено основно образование,

-да не се постари од 17 години,

-да се определиле за план и програма за гимназиско образование

-да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Интерен-оглас односно конкурсот за упис на ученици објавен од Министерство за образование и наука

учениците уште во прва година ќе имаат можност за запишување според наставните планови и програми за гимназиско образование:
– природно – математичко подрачје (комбинација А),
– природно – математичко подрачје (комбинација Б),
– општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А),
– општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б),
– јазично – уметничко подрачје (комбинација А) и
– јазично – уметничко подрачје (комбинација Б).

При пријавувањето учениците избираат две подрачја ( комбинации)

III.  ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

При пријавувањето учениците треба да ги поднесат слените документи:

– ПРИЈАВА за запишување ученикот ја подигнува од Училиштето и истата е бесплатна

ОРГИНАЛНИ СВИДЕТЕЛСТВА  ORGINALNI SVIDETELSTVA од VIто до IXто одделение,

ДИПЛОМИ (доколку имаат) од освоени I,II и III место од Меѓународни и државни натпревари од ( мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење на струката, односно изборното подрачје

ИЗВОД ОД МАТИЧМА КНИГА НА РОДЕНИТЕ без оглед на датумот на издавањето

    формулар Изјава од ученикот и родителот за оддалеченост на местото на живеење од училиштето кој се добива во Училиштето за бесплатен билет за превоз и изјава за проектна активност во прва година треба да се пополни со печатни букви да се приложи 1 фотографија (за слободна карта за превоз.)

(на фотографијата позади треба да стои име и презиме на ученикот со печатни букви) 

и изјава за проектна активност од ученик и родителот

 

 

 

  1. IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

1.Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во месец ЈУНИ  со две пријавувања 18  и 19  јуни 2018,  а ранг листите со резултатите од запишување на ученици ќе се објават на 20 Јуни 2018.

 

 

     ПРВОТО ПРИЈАВУВАЊЕ 

     И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ 

    ВО ЈУНИ СЕ ВРШИ на   

        18 и 19 ЈУНИ  2018г.  

         од  8.oo-15. часот,

      а резултатите од уписот ќе се објават на 20  јуни  2018 г.

 Квалификационото тестирање ќе се организира на 22  Јуни 2018  со

почеток во 9.oo часот за кандидатите кои  

  конкурираат за паралелката во која се изучува  

  германскиот јазик со 6 часа неделен фонд,  а конечната Ранг листа со    

  резултати ќе се објават на 25  јуни 2018  г.

 

 

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната документација поднесена во Училиштето во рок од 48 часа.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28  Јуни 2018  година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 Јуни 2018г.                                               

                                                     

          За учениците кои се упатени на поправни испити, испит на годината, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во месец АВГУСТ 2018, доколку има слободни места по јунскиот рок.

         Пријавување и запишување на учениците се врши на 23 Август 2018, а резултатите од запишувањето ќе се објават на 24 Август 2018 година.

 

          V.  КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ

-средниот успех на ученикот од VI  до  IX  одделение

-среден успех на ученикот постигнат по четирите предмети: мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката  (математика и историја) кои се значајни за гимназиското образование.

– дипломи од освоени ( I, II  и III ) места од Меѓународни и Државни натпревари  ( организирани од акредитирани здруженија од Министерството за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење на струката, односно изборното подрачје

-средна вредност за поени добиени за поведение

Доколку се пријават поголем број на ученици од планиранит број со еднаков број на поени ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

За средниот успех од  VI  до  IX одделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени ( општ успех од шесто, седмо ,осмо и девето одделение се собира се дели со четири и добиениот број се множи со коефициентот 10.)

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (двата наставни предмети задолжително за сите видови образование (мајчин и странски јазик) и двата значајни за гимназиско образование математика и историја) ученикот може да добие најмногу 20 поени (по 5 поени за секој предмет).

За освоено место од Меѓународни и Државни натпревари најмногу  5 ( пет ) поени

За освоено место од Меѓународни натпревари 5 поени, за Државни натпревари ученикот може да добие најмногу 3 поени за I место, 2 поени за II место и  1 поен III место.  

На ученикот  му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од  VI  до  IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени, примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение со 0 поени.

Средната вреднист е збир од поените за поведението од шестто , седмо и осмо и деветто одделение поделено со 4.

 

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој Конкурс може да добие најмногу 80 поени. 

         МИНИМАЛНИОТ БРОЈ ПОЕНИ СО КОИ КАНДИДАТИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО СУГС ГИМНАЗИЈА ,,ЈОСИП БРОЗ ТИТО,, – СКОПЈЕ е 60 ПОЕНИ ЗА ПРВОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК.

Доколку се промени утврдениот број во второто пријавување во првиот уписен рок или августовскиот рок кандидатите ќе бидат известени на огласната табла.

За учениците кои што деветтото одделение го завршиле во Македонија, а едно, две или три одделенија ( VI , VII, VIII одделение) завршиле во странство, за тие години се зема средниот успех од деветто одделение,  и важат истите критериуми како и за останатите ученици.

.

                         ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

  1. Изборот и запишувањето на учениците се врши, врз основа на ранг листа изготвена според вкупниот број поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат.
  2. Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор на учениците.
  3. Учениците кои ја повторувале годината се запишуваат без рангирање ако се пријават во првиот уписен рок.

 

 

 

                         УЧИЛИШТЕТО ГИ ИНФОРМИРА КАНДИДАТИТЕ

-Документите, да не се праќаат по пошта, поради навремено доставување на истите.

-Учениците кои што го завршиле основното образование во странство да достават ностифицирани документи и документ за државјанство.

-Пријавувањето задолжително да се врши лично од ученикот или родителот (старателот).

-При пријавувањето за упис задолжително да се забележи првиот и вториот странски јазик што ученикот сака да го изучува а исто така и да се определи според наставните планови и програми за гимназиско образование, учениците се определуваат за 2 подрачја според наставните планови и програми за гимназиско образование. 

Пред пријавувањето за упис на педагошката документација која се поднесува ( свидетелствата од VI до IX одделение) учениците да си направат фотокопии од свидетелства како и на, Изводот на матична книга на родените, за сопствена употреба. Документите примени за упис се распоредуваат по паралелки и не се на располагање на реверс през летниот распуст на учениците.

-Некомплетните или неисправни документи нема да се примаат

-Документите на кандидатите кои нема да бидат примени, треба да се подигнат лично во рок од 48 часа.

ПОУКА за правно средство: Дозволен е приговор од учениците по ранг-листата во рок од 24 часа од истакнувањето на Ранг листата на Огласна табла.

 

 

19.04.2018  година

 

За училишна комисија

Председател

 

Директор

Стојанова-Дуева Татијана