ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ИНТЕРНИОТ ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

Во интерниот оглас за упис на ученици во прва година на СУГС Гимназија Јосип Броз Тито Скопје бр. 08-159/1 СЕ ВРШАТ СЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА:

Во делот III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

Ставот 1, алинеја 3 „дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;“ се менува и гласи:

„дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;“.

Во делот V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Ставот 1, алинеја 3 „дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;“ се менува и гласи:

„дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;“.