ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици во паралелка со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА

Collage

ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици од трета година во паралелка со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme) во учебната 2016/2017 година во СУГС Гимназија „Јосип Броз- Тито“- Скопје.

1.БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА
Во согласност со Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на ученици во учебната 2016/2017 година во Гимназија „Јосип Броз- Тито“ во Скопје ќе се запишат 20 ученика во трета година во паралелката со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme), во која наставата ќе се изведува на англиски и македонски јазик.

Програмата за МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme) е акредитирана од Организацијата на Меѓународна Матура од Женева и од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Трошоците за испитни такси за учениците во оваа програма ги покрива Министерството за образование и наука.

2.УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Учениците треба да ги исполнуваат следниве услови:
-да имаат завршено прва и втора година гимназиско образование;
-да го владеат англискиот јазик;
-да ги исполнуваат барањата утврдени со условите за прием во паралелката со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА:
а) да изработат писмен состав на англиски јазик;
б) да изработат кус состав на македонски јазик;
в) да изработат општ тест на знаење од природната група предмети (математика, хемија) на македонски јазик;
г) интервју на македонски и англиски јазик.

3. ПОЕНИ ОД КВАЛИФИКАЦИОНОТО ТЕСТИРАЊЕ
Се запишуваат првите 20 кандидати на ранг листа на кандидати кои конкурирале.
Минимум поени за прием во програмата се 75 поени од можни 100.
Успех од сведителства од прва и втора година гиманзиско образование = 50 поени
Резултати од приемен испит (писмен состав на англиски јазик= 10 поени, писмен состав на македонски јазик= 10 поени, тест по математика= 10 поени, тест по хемија= 10 поени, интервју на македонски јазик= 5 поени, интервју на англиски јазик= 5 поени) = 50 поени.
Доколку кандидатот приложи диплома од освоени награди на државен или меѓународен натпревар по предметите кои се застапени во програмата на МЕЃУНАРОДНА МАТУРА тие ќе се бодираат дополнително со 2,5 поени по диплома.

4. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
-Пријава за запишување во трета година;
-Сведителство за завршена прва година гимназија и потврда дека ученикот е редовен ученик во втора година гимназија (сведителството за завршена втора година ќе се достави дополнително);
-Извод од матична книга на родени со матичен број, без разлика на датумот на издавањето;
-Диплома за освоени награди на државни и меѓународни натпревари по предметите застапени во МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (доколку ги има).

5. КОНКУРСНИ РОКОВИ
-Пријавувањето на кандидатите е од 9-18 мај 2016 од 8-14 часот;
-Приемни испити се изведуваат на 16 и 17 јуни 2016 од 8 часот во гимназијата;
-Изработка на писмен состав на англиски јазик и кус писмен состав на македонски јазик на 16 јубни 2016 во 9 часот;
-Изработка на тест знаење по математика и хемија на 17 јуни 2016 од 9 часот;
-Интервју на македонски и англиски јазик на 17 јуни 2016 во 11 часот;
-Дополнително поднесување на сведителства за завршена втора година од 27-28 јуни 2016 од 9-12 часот;
-Објавување на листата на примени кандидати е на 30 јунуи 2016 год.