За училиштето

ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

 

СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, општина Центар, Република Македонија, основано како Прва скопска гимназија, со решение од 1 декември 1944 год.

Училиштето (Гимназијата) е средно училиште од посебен општествен интерес. Сместена е во релативно нова наменски изградена зграда во строгиот центар на градот Скопје, ул. “Димитрија Чуповски”, б.б. Нејзина основна дејност е организирање на воспитно-образовниот процес за остварување на плановите и програмите од гимназиското образование во Република Македонија.

zaskoloto

Податоци за училиштето

 

 

 

Организација и реализација на наставата

 

Основна и најширока форма преку која се остварува целта на воспитно- образовниот процес како и целта на училиштето е наставата. Таа во себе ги опфаќа сите активности на учениците и наставниците преку кои ученикот се здобива со знаења, умеења, вештини и навики.  Со цел подоследно и планско изведување на наставата, секој наставник е задолжен да подготви годишен и тематски план и дневна подготовка на наставен час или наставна единица што преставува стандард, документ преку кој ќе бидат достапни сите информации за текот, методите, формите, средствата и содржините за соодветниот наставен предмет.

Наставата во училиштето се одвива во две смени со тоа што првата смена почнува во 7:30 и завршува во 13:15 часот, а втората почнува во 13:30 до 19:15 часот. Наставниот час трае 45 минути со предвидени мали одмори од 5 минути меѓу  часови и голем одмор помеѓу втор и трет час во првата смена и помеѓу трет и четврти час во втората смена.

Наставниците во Гимназијата се стремат кон свое стручно усовршување и кон учење на нови техники и методи кои би можеле практично да ги искористат во својата настава. За таа цел во текот на учебната година, тие посетуваат стручни семинари, курсеви, разни предавања и работилници.

Заради  постојано и  систематско  следење на  воспитно образовната  работа  во  текот  на  годината  во  сите  подрачја  на дејноста се води и  ажурира  педагошката  документација.

Наставата се остварува преку утврден наставен план кој опфаќа четири организациско-содржински компоненти, додатна, дополнителна и продолжителна настава и слободни ученички активности.

Наставниот план е структуриран од четири организациско-содржински компоненти :

  • задолжителни предмети ;
  • изборни предмети ;
  • задолжителни изборни програми ;
  • проектни активности

Изборни предмети од втора година :

  1. Информатичка технологија
  2. Класични јазици
  3. Елементарна алгебра и геометрија
  4. Говорење и пишување
  5. Етика

Ученикот избира еден предмет

Подрачја-изборни предмети

Природно-математичко подрачје

Комбинација А

Во трета година се понудени : Линеарна алгебра и аналитичка геометрија, Алгебра со по 3 часа неделно, а во четврта : Програмски јазици, Математичка анализа и Физика со по 3 часа недело.

Комбинација Б

Во трета година се понудени : Програмски јазици, Географија и Латински јазик со по 2 часа неделно, а во четврта : Физика, Хемија и Биологија со по 3 часа неделно.

Јазично –уметничко подрачје

Комбинација А

Во трета година се понудени : Трет странски јазик со по 3 часа, Класичен јазик и Педагогија со по 2 часа неделно, а во четврта : Трет странски јазик со по 3 часа неделно, Класичен јазик, Психологија и Компаративна книжевност со по 2 часа неделно

Комбинација Б

Во трета година се понудени : Ликовна уметност, Музичка уметност и Педагогија со по 2 часа неделно, а во четврта : Ликовна уметност, Музичка уметност и Психологија со по 2 часа неделно.

Комбинација А

Во трета година се понудени : Вовед во право, Социологија и Латински јазиксо по 2 часа, а во четврта : Економија со 3 часа и Менаџмент, Логика и Историја со по 2 часа неделно.

Комбинација Б

Во трета година се понудени : Етика, Социологија и Педагогија со по 2 часа неделно, а во четврта : Социологија со 3 часа и Филозофија, Историја и Психологија со по 2 часа неделно.

Проектни активности

 

Преку овој сегмент учениците имаат можност да ги искажат своите знаења, умеења и способности  преку реализација на определени проектни активности кои самите ги избираат.

Проектните активности се изведуваат со менторска настава при што наставникот ги поучува и оспособува ученицте за самостојна и тимска работа.

Проектните активности може да се реализираат во текот на целата учебна година. Оние активности кои се реализираат во училштето се организираат во време прифатливо за учениците.иот распоред на часовите.

Оние ученици кои од било какви причини нема да ги реализираат предвидените Проектни активности имаат обврска да го направат тоа до 31.08 истата учебна година во спротивно нема да им се издаде свидителство за завршена година, тоа значи дека ученикот не реализирал дел од наставниот план за гимназиско образование и не може да го продолжи образованието во гимназијата.

Во оваа учебна година  сите ученици ќе реализираат проектна активност–Иновации и претприемништво а како втора проектна активност ќе се реализираат: мир, толеранција и заштита, хор, урбана култура, ликовно творечки активности, информатика, хемија, физика, биологија, математика, култура на здраво живеење, драма, новинарство и граѓанска култура.

 

Дополнителна настава

 

За учениците кои имаат потешкотии во учењето во текот на учебната година ќе се организира дополнителна настава. Предметниот наставник е обврзан да изведува дополнителна настава ако по предметот  се евидентираат повеќе негативни оценки. Секој предметен наставник задолжително треба да направи распоред за изведување на дополнителната настава и навремено да ги запознае учениците со распоредот.

Додатна настава

 

За учениците кои ќе покажат зголемен интерес за одделни научни и наставни содржини ќе се организира додатна настава преку која ќе се обезбеди проширување и продлабочување на содржините на одделни предмети и подрачја  и учество на учениците на натпревари.

 

Продолжителна настава

 

За ученици кои се упатени на поправен испит по завршувањето на наставната година ќе се реализира продолжителна настава.

 

            Консултативна настава

Оваа настава ќе се организира за оние ученици на кои им е потребна помош во совладувањето на одделни содржини од предметите кои учениците не ги изучувале, го менуваат профилот или струката или се упатени на поправен и испит на годината и за учениците од завршните години во функција на матурата.

 

Воннаставни воспитно-образовни активности

 

Слободни ученички активности и натпревари;

Општествено – корисна и хуманитарна работа на учениците;

Ученички екскурзии;

Здравствена заштита и здравствено воспитание на учениците;

Ученички заедници и организации;

Соработка со локалната средина;

Соработка со родители;

Стручни активи, класен и наставнички совети;

Јавна и културна дејност на училиштето.

8-ми Септември – Ден на осамостојување на Македонија;

11 Октомври – Ден на востанието

Одбележување на месецот на книгата

Учество на спортски манифестации

Организирање посета на театарски  претстави

Организирање посета на музеј

Одбележување на 13-ти Ноември

Организиран пречек на Нова година

Организирање на програма по повод Патрониот празник

Одбележување на денот на дрвото

Одбележување на 21-ви Март – Ден на Екологијата

Учество на Саем за образование

Учество на Саем на книгата

Одбележување на 1-ви Мај

Одбележување на 24-ти Мај – Ден на словенските просветители

 

 

АНГАЖИРАНОСТ НА НАСТАВНО-ВОСПИТНИОТ  И РАКОВОДНИОТ КАДАР ВО УЧЕБНАТА 2014/2015 г.

 

Татијана Стојанова Дуева– директор

Маја Војнеска – стручен соработник, педагог

Фросина Котларова-стручен соработник, психолог

Ликоска-Угриноска Јулија-стручен соработник, библиотекар

Наставници

Р.Б. Презиме и име наставни предмети
Дерменџиева Дијана македонски јазик и литература
Тодоровска Слободанка —– // —–
Панчевска Ленка —– // —–
Бојкиќева Вера —– // —–
Гачевиќ Светлана —– // —–
Миоски Александра —– // —–
Атанасова Јасминка —– // —–
Јанчева Каролина —– // —–
Величкова Емилија —– // —–
Ристова Душанка —– // —–
Младеновска Ана —– // —–
Ѓоргова  Гордијана англиски јазик
Ѓурчиновска Александра —– // —–
Кочовска Ива —– // —–
Станковиќ Снежана —– // —–
Костовска Софија —– // —–
Шабан Ширин —– // —–
Стибел Јосип —– // —–
Серафимовска Борозан Маја —– // —–
Кушовска Маргарита —– // —–
Мишевска Мања Германски јазик
Несторовска Славица —– // —–
Костовска Лилјана —– // —–
Али Анифе —– // —–
Хаџи-Арсова Загорка —– // —–
Клиафа Кристина —– // —–
Хаџистојанова Ели француски јазик
Мелек Имер —– // —–
Терзитанов Никола —– // —–
Горовска Марта италијански јазик
Селда Идрис турски јазик
Зекир Сејхан —– // —–
Алеиви Саид бизнис и претприемништво
Андоновска Ема латински јазик
Ивановска Мирчевска Весна математика
Филиповска Лидија —– // —–
Каланоска Анита —– // —–
Соколовска Кристина —– // —–
Георгиев Зоран —– // —–
Божиновска Катерина —– // —–
Танеска Ирена —– // —–
Спахи Филиз —– // —–
Наумоска Анкица информатика
Николова Јулијана —– // —–
Николајевич Оливер —– // —–
Додевски Драган историја
Петреска  Дамеска Тамара —– // —–
Даниела Арсова —– // —–
Ирена Трајковска —– // —–
Павлов Никола географија
Кржовска Силвана —– // —–
Асани Салим —– // —–
Ѓорѓиева Надица физика
Максимовска Наташа —– // —–
Виолета Василевска —– // —–
Сејменов Олга —– // —–
Гавриловска Олгица хемија
Коруновска Александра —– // —–
Јанковски Јанко —– // —–
Хаџи-Тосева Аврамчева Ксенија —– // —–
Стројманова Радмила биологија
Ачкоска Софија —– // —–
Лидија Котеска —– // —–
Карахасан Имер —– // —–
Сековска Славица —– // —–
Стојковска Тања логика, филозофија
Слободанка Галеска филозофија
Тахир Сузана социологија
Кристина Павловска психологија
Делфина Серафимовска педагогија
Талеска Узуновска Весна филозофија
Бончаноски Јане социологија
Ѓорѓиева Цеце —– // —–
Андонакис Такис мир, толеранција и заштита
Весна Црнеска Симоска бизнис и претприемништво
Андреска Сузана вовед во право
Милена Јовевска менаџмент и економија
Кристина Матеска —– // —–
Дамјаноска-Наумовска Ангелина ликовна уметност
Кристина Битракова —– // —–
Симоновски Гоце —– // —–
Лејла Халим —– // —–
Гелевска Силвана музичка уметност
Џајковска Снежана —– // —–
Хабибе Кубур —– // —–
Јосифовски Слободан Спорт и спортски активности
Васовиќ Маја —– // —–
Поповски Владимир —– // —–
Бишковски Владимир —– // —–
  1. .
Ѓорѓиоски Гоце —– // —–
Абди Орхан —– // —–