ГЕРМАНСКА ЈАЗИЧНА ПАРАЛЕЛКА

Германската јазична паралелка е отворена веднаш по склучувањето на договорот од 2003 година помеѓу Владата на Р.Македонија и Владата на С.Р. Германија во С.У.Г.С Гимназија „Јосип Броз Тито“, Скопје и во средните училишта во Велес и Битола. Денес успешно  продолжува соработката со Владата на С.Р. Германија само во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, додека подоцна е започната соработката и со С.У.Г.С Гимназија „Ѓорѓи Димитров“ и С.У.Г.С Гимназија „Браќа Миладиновци“. Наставата на германскиот јазик им дозволува на учениците во германската паралелка кои го изучуваат германскиот јазик на многу високо ниво, да дознаат многу за модерниот германски начин на живот и култура. Германската влада ја промовира германската диплома во училиштата со помош на соодветен кадар од Германија со тоа што учениците добиваат соодветни бесплатни учебници кои им стојат на располагање исто како и голем број помошни материјали при наставата. Од големо значење е и можноста дел од предавањата да се одржувани од лектор, чиј мајчин јазик е германскиот, со што учениците полесно го добиваат чувството за германскиот јазик,изговор и  местото на акцентот. Господинот Вернер, др. Лојзинг, м-р. Рафал Т. Вегиел се некои од лекторите испратени од Централата за школство во странство во Германија.

За да се биде дел од германската паралелка потребно е полагање на приемен испит. Делот од програмата на германската паралелка содржи изучување на германскиот јазик како прв странски јазик. Учениците, кои се дел од германската јазична паралелка го изучуваат јазикот со неделен фонд од  6 часа, а останатите предмети си ги изучуваат како сите останати ученици според државната програма за средно образование. Наставата во германската паралелка содржи голем број проектни задачи исто како што го стимулира самостојното учење и ги нагласува комуникативните и интеркултурните методи. Германската DSD диплома може да се здобие само на признаени „DSD партнер училишта“. Покрај подготовките за време на наставата,  учениците се подготвуваат за очекуваниот DSD испит и надвор од наставата за време на летниот распуст преку интензивни курсеви. Во втората година од средното образование учениците имаат можност да се стекнат со европски признаен јазичен сертификат DSDI на нивото А2/В1 кои што се полага секоја година во март. Две години подоцна, во четвртата година од средното образование ученците имаат право на полагање на сертификатот DSDII на нивото В2/С1 кои што се полага секоја година во декември. Доколку успешно го положат испитот учениците се стекнуваат со диплома од Централата за школство во Германија која им отвара многу врати за студии и работни места во земјите каде што се зборува на германски јазик. Така секоја година најдобрите ученици од германската паралелка ја имаат можноста да се здобијат со германска стипендија, патување во Германија, повеќенеделна посета на настава на германски училишта и сместување во домовите на германските семејства.

Во 2008 година нашите ученици во соработка со учениците од специјалните германски паралелки  изработија stop-motion филм наречен „Куќа на езерото“ притоа изчувајќи ја оваа техника. Овој проект е дел од програмата разбирањето меѓу луѓето-гради училишта и е промовиран од Роберт Бош фондацијата.

Сојузниот претседател Хорст Колер беше во посета на германските јазични паралелки во Гимназијата „Јосип Броз-Тито“. Посетата беше организирана на 18.04.2008 со цел да се разменат информации и искуства помеѓу учениците и сојузниот претседател, при што се водеше дискусија за школскиот систем, наставата по германски јазик, личните планови за иднината и перспективата на Македонија.

За време на посетата на претседателот во 2008 година, учениците заедно со предметните професори се запознаа со македонско-германската писателка Кица Колбе која беше член на делегацијата на претседателот. При оваа средба се роди идејата учениците да ја преведат книгата „Река во наследство“ од оваа пистелка, која ќе биде испечатена и објавена. Крајниот резултат беше претставен на 13.10.2009 во аулата на училиштето, во присуство на писателката и амбасадорката Улрике Кнотц, каде што учениците преку литературно читање го презентираа преведеното дело.

Во јуни 2009 година се реализираше посетата со партнер Гимназијата „Макс Планк“ во Штутгарт, со 30 ученици од нашата гимназија, кои имаа за цел да ги  подготвуваат темите за усниот испит, преку истражувања и соработка со учениците од германската гимназија.

Во мај 2010 година нашите ученици повторно воспоставија соработка со учениците од специјалните германски паралелки од С.У.Г.С Гимназија „Ѓорѓи Димитров “ и С.У.Г.С Гимназија „Браќа Миладиновци“ и направија краток документарен филм на германски јазик             „Постојам, создавам“. Нивната соработка се продлабочи во наредните две години со уште 2 заеднички активности: издавање на ЦД со преку 200 лични состави и печатење на брошурата „Мојот град“.

Во 2013 година нашите ученици учествуваа на креативната литературна работилница со германската писателка Карен – Сузан Фесел, каде пишуваа свои лични раскази на тема Млздината пишува за иднината кои подоцна беа објавени во книга.

Во октомври 2013/14 година се одржа меѓународен камп од страна на професорот Рафал Т. Вегиел за подготовка на испитот DSDII на Попова Шапка.

Во 2014 година нашите ученици учествуваа на меѓународниот јазичен камп Jugendbegnugscamp во Птуј, Словенија каде учениците од Балканските земји ги разменуваа своите искуства, работеа на проекти на тема 100 години од Првата светска војна.

Истата година нашата училница беше опремена од страна на Централата за школство во странство во Германија со најсоодветна опрема: проектор, платно, компјутер, звучници, печатар како и друга модерна технологија која ќе ја олесни наставата.

Фондацијата Фридрих Ебеарт Штифтунг заедно со матурантите од Германија и од нашето училиште изградија игралиште за децата од ромската националност.

Централата за школство во странство во Сојузна Република Германија доделува секоја година максимум две целосни стипендии за студирање на германски универзитети при што се покриени сите трошоци.

Од 2010 до 2016 година учениците од германските паралелки во втора година гимназиско образование земаат учество на Државната Германската олимпијада и при тоа имаме освоено 5 први места, 4 втори места и една година трето место. Наградата за првите места е стипендија за едно месечен летен престој во Германија. Учениците кои ги имаат добиено овие стипендии се: Михаела Коваческа, Анастасија Стевчевска, Ангела Василевска, Марија Атанасовска и Сања Серафимовска.

Deutsche Sprachdiplom- Klasse

            Das „Deutsche Sprachdiplom“ (DSD) kann nur an anerkannten Sprachdiplomschulen erworben werden. Lernende, die die Prüfungen zum DSD erfolgreich absolvieren, haben damit den Sprachnachweis für ein Studium in der Bundesrepublik Deutschland erworben.

            Der Unterricht in Sprachdiplomzweigen erfolgt „erweitert“. D.h dass die Lernenden Deutsch als 1. Fremdsprache in diesen Klassen haben.

            Die Bundesrepublik Deutschland fördert diese Sprachdiplomschulen dadurch, dass dort Lehrkräfte aus Deutschland unterrichten, dass geeignete Lehrwerke kostenlos zur Verfügung gestellt werden und mit einer Vielzahl anderer materialler Unterstützungsformen.

            Die besten Lernenden eines Sprachdiplomzweigs haben die Möglichkeit, ein Deutschlandstipendium zu bekommen, das eine Deutschlandreise, einen mehrwöchigen Schulbesuch in Deutschland und das Leben in einer Gastfamilie in Deutschland einschließt.

            Der Unterricht in einem Deutschen Zweig macht alle den jenigen die Lernern ein Angebot, die Deutsch auf sehr hohem Niveau lernen und viel über das moderne Leben in Deutschland erfahren wollen.

            Eine Aufnahmeprüfung entscheidet über die Aufnahme in den „Deutschen Zweig“.

            Der Unterricht beinhaltet auch vielfältige Projektarbeit zielt,auf selbständiges Lernen und rückt kommunikative und interkulturelle Methoden in den Mittelpunkt.

            Außerhalb des Unterrichts – meist in den Sommerferien – gibt es Intensivkurse, in denen die Lernenden auf die ansehenden DSD – Prüfungen sehr genau vorbereitet werden.