Диплома програма за меѓународна матура во СУГС Гимназија ,,Јосип Броз Тито,,

(International Baccalaureate Diploma Programme)

Во СУГС Гимназија ,,Јосип Броз Тито,, со почеток од учебната  1996/97 година се реализира  диплома програмата на Организацијата на  меѓународна  матура. Тоа е меѓународно признаена образовна програма која е верифицирана од Организацијата на меѓународна матура (International Baccalaureate) со седиште во Женева  и регионални канцеларии во Хаг, Њујорк, Буенос Аирес, Сингапур и испитен центар во Кардиф во Велика Британија.

Во изминатите 45 години откако е основана оваа организација дипломата на меѓунатродна матура прерасна во симбол на висок и квалитетен академски стандард во образованието. За да се стекнат со диплома на меѓународна матура  учениците мора да покажат сериозно залагање во совладувањето на знаењата како и да развијат способност за критичко мислење, вештини и способности неопходни за успех во современото глобално опшетство  како и подготвеност за доживотно учење .

Дипломата на меѓународна матура е признаена на сите европски и светски универзитети и во текот на изминатите години на учениците од нашето училиште им овозможи да се запишат, да добијат стипендија и да се стекнат со дипломи на познати универзитети меѓу кои Универзитетот Харвард, Рутгерс Универзитетот, Рид Колеџот, Универзитетот во Висконсин, Њу Јорк Универзитетот, Њујоршката Филмска Академија   во САД,  Универзитетот, Оксфорд, Кембриџ, Лондонската школа за економија, Универзитетот Стафордшир,  во Велика Британија, Њу Јорк Универзитеото во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, Универзитетите во  Ахен, Нирнберг, Исерлохен, Штутгарт, Магдебург и Берлин во Германија, Универзитетите во Мастрихт, Утрехт и Хаг во Холандија, Универзитетот Политехнико во Милано и Универзитетот Католика во Кремона – Италија, Вебстер Универзитетот во Виена, Австрија, Американскиот Универзитет во Бугарија, Сити Колеџот и Анатолија Колеџот во Солун, Грција, Универзитетот во Љубљана во Словенија, Универзитетот во Загреб, Централниот Европски Универзитет во  Будимпешта во Унгарија, Карловиот Универзитет во Прага и др.

Диплома програмата на Меѓународна матура е ригорозна програма која се изведува во континуитет од две учебни години  трета и четврта година гимназиско образование за ученици од 16-19 г. На крајот од четврта година учениците полагаат екстерни испити на меѓународна матура по сите предмети.

Диплома програмата ги подготвува учениците за високо образование и ги поттикнува на следното:

  • да поставуваат продлабочени прашања кои бараат предизвик;
  • да научат како самостојно да учат;
  • да развијат силна свест за сопствениот идентитет и култура;
  • да ја развијат способноста да комуницираат со и да ги разбираат луѓето од други земји и култури.

Наставата се изведува на македонски и на англиски јазик. Наставниот план и предметните програми се определени во согласност со програмата на Меѓународна матура и правилникот за училишта кои се верифицирани за изведување на настава според оваа програма објавен од страна на Организацијата на меѓународна матура

Во текот на двете години ( III  и IV ) во континуитет се изучуваат следните предмети: македонски  јазик: литература, англиски јазик Б и математика, а на  стандардно ниво се  изучуваат: хемија, географија и визуелни уметности. Покрај овие предмети учениците задолжително имаат настава по предмет: теорија на спознанието со неделен фонд од 2 часа, а исто така мораат задолжително да остварат 150 часа КАС слободни активности во текот на двете години.  За да се стекнат со диплома на меѓународна матура учениците мора да изработат и матурска истражувачка работа од некој од предметите кои ги изучуваат во обем од 4000 зборови.

Испитите за меѓународна матура за учениците од четврта година се одржуваат по сите предмети во мајската испитна сесија  во училиштето, а се испраќаат на оценување на испитувачи во странство. Резултатите од екстерните испити страна  се објавуваат на 5 јули и на учениците кои се стекнале со Диплома на Меѓународна матура им се издава диплома за положена  Меѓународна матура на македонски јазик.

Во реализацијата на програмата училиштето е обврзано да се придржува до упатствата и календарот за работа и активности кои ги објавува Организацијата на ММ секоја година во  прирачник за реализација на наставата каде се содржани сите упатства, процедури, рокови и формулари поврзани со реализацијата на програмата.

Во реализација на наставата на професорите им стои на располагање  Online Curriculum Centre кој преку интернет на секој професор му нуди информации  за наставните програми, ресурси и можност за соработка со други наставници кои предаваат ист предмет од други училишта. Во согласност со барањата на програмата на Меѓународна матура и стандардите за реализација на програма наставниците кои предаваат во програмата на Меѓународна матура посетуваат семинари за  стручно усовршување според динамиката на ОММ за сите училишта од регионот Европа/Африка и Среден Исток.

Слободните ученички активности се нарекуваат КАС програма што подразбира креативност, акција и сервис. За да се стекне со диплома во текот на двете години ученикот мора задолжително да оствари минимум 150 часа и тоа по 50 часа минимум од секоја активност. Учениците од паралеките со Меѓународна матура активностите ги реализираат со следните институции:  Организација на црвен крст , Прва детска амбасада ,,Меѓаши,, СОС Детско село, Детски градинки  ,,13 Ноември,, Дом за стари лица ,,Мери Терзиева,, Дом на хуманитарни организации ,, Даре Џамбаз,, Дом за деца без родители,, 11 Октомври,, Средно училиште за образование и рехабилитација на  ученици со посебни потреби,, Св Наум Охридски ; Младински Образовен Форум- Дебатна програма  Македонски Модел на Обединети нации, Еколошки друштва и невладинa организациja за заштита на природната средина; ‘Go Green’ , културно уметнички друштва, хор, оркестар спортски организации и друштва, фитнес клубови, базен и др.

Реализирани активности на учениците од меѓународна матура

Веќе три години по ред учениците од паралелките со Меѓународна матура   во рамки на КАС програмата под менторство на КАС координаторот Јосип Стибел организираат хуманитарната акција за собирање средства за учениците од училиштето,, Св Наум Охридски,,. Секоја година активноста добива помасовен карактер и се организира како хуманитарен новогодишен базар  со штандови за продажба на рачно изработени украси, честитки и колачи од страна на учениците, нивните родители, професорите и вработените. Собраните средства се донираат се купи аудио-визуелна опрема за ученичкиот дом на училиштето Св Наум Охридски и се доделуваат  на прослава по повод нивниот патронен празник на 23 декември. Исто така   реализиран е и проектот Топла зима за собирање стари алишта кои се донирани во дневен центар за деца од улица во Шуто Оризари.

Учениците остваруваат редовни посети во домот за стари лица ,,Мери Терзиева,, каде поминуваат неколку часови во анимација и разговор со старите лица од домот.

На 25 септември 2011 г. под менторство на професорите Гордиана Ѓоршова, Ангелина Дамјаноска Наумоска и Јосип Стибел учениците беа вклучени во одбележување на централната прослава на Денот на Европски јазици во соработка со ЕЛТАМ, Британски Совет, друштва на странски јазици и ЕУ инфо центарот каде на 26 септември 2011. учениците учествуваа во трибина на тема Плурилингвализмот во Европа.

Во рамките на предметот Визуелни уметности учениците предводени од предметната професорка Ангелина Дамјаноска-Наумоска посетуваат повеќе ликовни изложби како во земјата така и во странство.  Во текот на март учениците од четврта година подготвуваат изложба во рамки на надворешниот испит по Визуелни ументости во присуство на надворешен оценувач под менторство на професорката Ангелина Дамјаноска Наумоска.

На Институтот за Хемија во текот на октомври и ноември под менторство на професорката Ксенија Хаџитосева Аврамчева се релизираат лабораториски вежби по предметот хемија кои се изведуваат во современо опремена специјализирана лабораторија.

Со цел да се информираат учениците за можностите за студирање на високо образовни институции училиштето остварува соработка со  неколку универзитети од земјата и од странство како на пример Џон Кабот од Рим, Италија, Вебстер од Виена, Австрија, Њу Јорк Универзитет од Абу Даби од Катар.

Во текот на целата година учениците активно се вклучени во работата на Амерканското катче  и Ресурсниот центар на Британскиот Совет во македонија  каде посетуваат презентации во текот на учебната година.

Во ноември 2011г. 5 ученици од трета година учествуваа во работилница за изработка на филм организирана од продуцентска куќа Нуклеус при што изработија филм со тема Маргинализација и за истиот добија прва награда од стручното жири. Исто така како награда  беа  гости на фестивалот Манаки во септември 2012г.

Во текот на март  веќе четири години  ученици од трета година на меѓународна матура под менторство на професорката по географија Силвана Кржовска  земаат учество на  Меѓународен економски форум во училиштето ,,Руѓер Бошковиќ,, во Белград, Србија кое е училиште партнер на програмата за Меѓународна матура. Во  текот на април исто така ученици од паралелката  со меѓународна матура од трета година  учествуваат на пролетниот фестивал во Втората Гимназија во Марибор на кој го претставуваат училиштето и  Република Македонија и учествуваат во неколку работилници.

Учениците од Меѓународна матура веќе две години по ред  под менторство на професорката по англиски јазик Гордиана Ѓорѓова учествуваат во работата на Македонски модел на обединети нации и учествуваа на Конференците на Униоверзитетот на  Југоисточна Европа во Тетово во мај 2011 и Универзитетот Гоце Делчев во Штип во мај 2012г. Ученичките Сара Андреевска и Дарја Двојаковска освоија награди за најдобри говорници на конференцијата на ММОН во Штип.

Исто така веќе 15 години учениците на меѓународна матура  активно се вклучени во дебатната програма на МОФ каде учествуваат и освојуваат награди на дебатни турнири и дебатни фестивали како во земјата така и во странство во Босна, Црна Гора и Турција.

.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Учениците треба да ги исполнуваат следните услови
– да имаат завршено прва и втора година гимназиско образование;
– да го владеат англискиот јазик,
– да ги исполнат барањата утврдени со условите за прием во паралелката со Меѓународна матура:
а) да изработат писмен состав на англиски јазик;
б) да изработат кус состав на македонски јазик;
в) да изработат општ тест на знаење од природната група предмети( математика, хемија,) на македонски јазик;
г) интервју на македонски и англиски јазик.

Услови за прием во паралелката со Меѓународна матура:
Се запишуваат првите 20 кандидати на ранг листа на кандидати кои конкурирале.
Минимум поени за прием во програмата се 75 поени.

Рангирање на кандидатите: Можни поени 100
– успех од свидетелства од прва и втора година гимназија – 50 поени
– резултати од приемен испит – 50 поени

Поените за успех се добиваат така што просечниот успех за секоја година од 5,00 се множи со 5 или 25 поени за една учебна година, а вкупно 50 поени за двете учебни години.

Поени од приемен испит – вкупно 50 поени
Писмен состав на англиски јазик – 10 поени
Кус состав на македонски јазик – 10 поени
Тест по математика – 10 поени
Тест по хемија – 10 поени
Интервју на англиски – 5 поени
Интервју на македонски јазик – 5 поени

Доколку кандидатот приложи диплома од освоени награди на државен или меѓународен натпревар по предметите кои се застапени во програмата на Меѓународна матура тие ќе се бодираат дополнително со 2,5 поени по диплома.

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

– пријава за запишување во трета година (иста како и за гимназиите),
– свидетелство за завршена прва година гимназија и потврда дека ученикот е редовен ученик во втора година гимназија, (свидетелството за завршена втора година ќе се достави дополнително),
– извод од матична книга на родените со матичен број, без разлика на датумот на издавањето,
– диплома за освоени награди на државни и меѓународни натпревари по предметите застапени во Меѓународната матура (доколку ги има),