УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА

УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА

Во составот на Гимназијата, под раководство на професорката Јулија Ликоска – Угриноска – библиотекар, постои и успешно функционира училишната библиотека чијашто воспитно – образовна и информативна улога е да им помага на учениците да се стекнат со дополнителни знаења по предметите што ги изучуваат. Училишното знаење стекнато преку литературата користена од библиотечниот книжен фонд кој брои повеќе од 20.000 единици, на македонски, српски, хрватски, руски, англиски, француски, германски, италијански и турски јазик, станува духовно богатство на секој ученик.

Значајно е да се каже дека е огромна улогата на воспитната компонента на библиотеката во подигнување на свеста на учениците за дружба со книжевните извори, мотивирање на учениците за изразување на своите чувства, размислувања и ставови преку ораторството и секако преку пишуваниот збор. Токму тоа, неколку години го реализира „Клубот на читатели“, со бројни активности: промоции на литературни дела на ученици од гимназијата, одбележување значајни датуми, литературни читања, гостувања на промоции на книги и капитални дела, организирање на предавања и панел дискусии на гости – предавачи, посета на библиотеки, саеми на книги, хуманитарни акции…

Професорката Јулија мисионерски, им ја вгнездува на учениците лековитата моќ на читањето, па оттаму и оправданоста на мотото на нашата библиотека – „Лековито место за душата“. Maл избор на активности на библиотеката:

08.05.2014 – Промоција на бестселерот „Белешките на Лајла Грејс“ на Марија Јаневска (поранешна ученичка на ЈБТито) – македонски блогерист, колумнист и автор на кратки текстови и новели. Одговорни професори Јулија Ликоска – Угриноска и Каролина Јанчева.

17.10.2014 – „Клуб на читатели“ – Промоција на книгата „Сенки низ циркускиот шатор“ на Исток Улчар – ученик во IV-10. Неговите песни се преведени на англиски и српски јазик. Одговорни професори Каролина Јанчева и Јулија Ликоска – Угриноска

 

08.11.2014 – „Клуб на читатели“ – Тема за месец ноември: „Поезијата има душа“ – гостин Симеон Иванов – Канго, македонски рок-музичар и гитарист, текстописец, аранжер, композитор и продуцент, сликар, поет – автор на 4 збирки поезија и една поема, и основач на културното движење „Мактеон“.

 

13.03.2013 – Реализирана хуманитарна акција „Книга за секоја библиотека“. Собрани околу 300 книги донирани во новоотвореното ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром.

Од 07.10.2014 год.во нашето училиште се спроведува хуманитарна акција „Подари книга“. Акцијата е наменета за социјално загрозените лица. Идејата е секој што сака и има можност да подари книга на лицата на кои навистина им е потребна, со цел обезбедување „Безусловни и еднакви шанси на сите“.

 

 

 

  1. 11. 2014 – Ученици и професори присуствуваа на важен настан – „80 години од раѓањето на Андреевски“ во Друштвото на писатели на Македонија. Го проследивме премиерното прикажување на првиот и единствен краток филм за животот и делото на еминентниот Петре М. Андреевски.

 

 

 

По повод денот на жената 8 март,се одржа втората средба на Клубот на читатели. Имавме огромна чест и задоволство да се дружиме со младата писателка Ивана Иванова – Канго која беше поканета гостинка на Клубот на читатели. Поминавме прекрасни моменти во разговор и интерпретација на нејзиното литературно дело „Знаеш ли да љубиш“. Заинтересираноста од учениците беше голема , поставија прашања на кои писателката со задоволство одговори. Изразивме благодарност до авторката и се надеваме на следна дружба.

 

 

 

27.03.2015 – Прекрасен ден за нашите ученици од трета и четврта година – Проследивме предавање на гостин-родител-предавач – проф.д-р. Лилјана Гушевска – научен советник / редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје, на тема „Кодификација на македонскиот јазик“.

 

05.12.2014 – Најактивниот член на „Клуб на читатели“  – Тијана Милиќ од трета -10, пред ученици, професори и родители ги промовираше  своите книги : „Животот во моја кожа“ и „Само љубов“

12.11.2013 – Триесетина ученици од нашата гимназија заедно со професорките Јулија Ликоска – Угриноска и Каролина Јанчева за прв пат ја посетија новоотворената адаптирана спомен соба на Браќата Миладиновци „Т`га за југ“ во ГБ „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Присуствувавме на промоција на спомен собата, како и на предавање посветено на животот и творештвото на Браќата Миладиновци. Свое излагање имаа и професорките Јулија и Каролина. Секоја следна година, традиционално се одржува час со наши ученици од трета година, со оглед на фактот што во програмата за трета година се изучува животот и делото на Миладиновци.

12.12.2014 – Одржана обука на учениците заедно со одговорните професори д-р  Гордијана Ѓоргова и Јулија Ликоска – Угриноска во НУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје за можностите за пребарување на стручна литература од електронските фондови Опак, Кобис и Епско. Целта на обуката беше нашите ученици да ги изработуваат своите матурски и проектни задачи според сите стандарди за правилна изработка.

 

08.11.2015  – Членовите на „Клуб на читатели“ заедно со професорките д-р  Гордијана Ѓоргова и Јулија Ликоска – Угриноска  реализираа активност  – презентација  и  панел – дискусија на гости ученици од меѓународната програма на американските совети Брендон Шулц и Максвел Мајерс  на тема: Американската култура и културниот живот на младите во Америка.

 

На 09.12.2015 година, учениците од III година, заедно со професорките Јулија Ликоска – Угриноска, Вера Бојкикева и Емилија Величкова ја посетија спомен собата на Браќата Миладиновци „Т`га за југ“ во ГБ „Браќа Миладиновци“ каде присуствуваа на еден поинаков час посветен на животниот пат и делото на Браќата Миладиновци. Со свое предавање се претстави и професорката Јулија.

– на 29. 10. 2015г. во библиотеката ,,Браќа Миладиновци“, ученици од нашето училиште заедно со професорките Јулија Ликоска-Угриноска и Светлана Гачевиќ, присуствуваа на промоцијата на најновото издание на Толковниот речник на македонскиот литературен јазик.

 

Секој февруари по повод  Денот на вљубените „Клуб на читатели“ организира литературно читање на љубовна поезија на сите јазици кои се изучуваат во нашето училиште.