ГРАД СКОПЈЕ СО ПОДДРШКА НА КАМПАЊАТА „ПАРКИРАЈ СОВЕСНО!“
Денеска во СУГС „Јосип Броз Тито“ на учениците од трета година, како потенцијални идни активни учесници во сообраќајот, им беше претставен [...]
Ние.
СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, општина Центар, Република Северна Македонија, основано како Прва скопска гимназија, со решение од 1 декември 1944 год. Нејзина основна дејност е организирање на воспитно-образовниот процес за остварување на плановите и програмите од гимназиското образование во Република Северна Македонија.
Наставниците во Гимназијата се стремат кон свое стручно усовршување и кон учење на нови техники и методи кои би можеле практично да ги искористат во својата настава. За таа цел во текот на учебната година, тие посетуваат стручни семинари, курсеви, разни предавања и работилници.