Во СУГС Гимназија “ Јосип Броз Тито “ секоја година во периодот април-мај се организира настанот „Отворен ден на училиштето“. Посетата вообичаено е организирана во неколку делови: пречек на учениците и наставниците од основните училишта, поделба на брошури за училиштето, презентации за работата на училиштето и различните програми кои се во негов склоп, разгледување на училишната зграда, училниците,библиотеката, спортските терени, посета на часови и сл.

На тој ден учениците и наставниот кадар во училиштето ги информираат заинтересираните ученици од основните училишта за работењето на училиштето, како и за програмските цели на образованието во германската паралелка и паралелката на меѓународна матура. Отворениот ден е можност идните ученици да остварат непосредна комуникација со наставниот кадар и педагошко-психолошката служба во училиштето и директно да се запознаат со различните активности, проектите и условите за работа во училиштето.

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt