Македонски јазик (Macedonian)

Што е Меѓународна матура?

Организацијата на Меѓународна матура е непрофитна образовна фондација која  се има етаблирано како лидер во сферата на меѓународното образование. Таа овозможува континуитет  и нуди четири програми за меѓународно образование наречени Програма за основно образование (PYP), Програма за ниже средно образование (MYP) , Диплома програма (Diploma programme) и Сертификат на Меѓународна матура насочен кон кариера (International Baccalaureate Career-related Certificate CP). Овие програми поттикнуваат личен и академски развој, поттикнувајќи ги учениците на високи постигнувања во учењето и во личниот развој.

Седиштето на Организацијата на меѓународна матура се наоѓа во Женева, Швајцарија. Центарот за  програми и испити е лоциран во Кардиф, Велс, во  Велика Британија, со регионални канцеларии во Хаг, Њујорк, Буенос  Аирес,  Сингапур, Мумбаj, Пекинг, Токио и Ванкувер. Генералниот директор има канцеларија во седиштето во Женева а организацијата е управувана од Совет на основачи.

Организацијата на меѓународна матура е основана во 1968 год и во моментот соработува со 4964  училишта во 153 земји со повеќе од 1.000 0000 ученици.

Мисија на Организацијата на Меѓународна матура

Организацијата на Меѓународна матура има за цел да создаде љубопитни, образовани и чувствителни млади луѓе кои ќе помогнат да се создаде подобар и побезбеден свет преку интеркултурно разбирање и почитување.

За да ја постигне оваа цел, Организацијата на Меѓународна матура соработува со училиштата, владите и меѓународните организации за да развие  квалитетни програми за меѓународно образование и ригорозен систем на оценување.

Овие програми ги поттикнуваат учениците низ целиот свет активно да се образуваат во текот на целиот свој живот и да прифатат дека другите луѓе кои се различни од нив исто така може да бидат во право.

Диплома програмата на Меѓународна матура во СУГС Гимназија ,,Јосип Броз Тито“

Во СУГС Гимназија ,,Јосип Броз Тито“ во Скопје Диплома програмата  за Меѓународна матура  се изведува повеќе од 20 години од страна на тим од енергични и посветени професори, обучени да ја имплементираат програмата и начинот на оценување. Програмата се реализира од септември  1996  година.

Диплома програмата  е наменета за ученици од трета година гимназиско образование (16-17г). Програмата опфаќа 6 предмети 3-4 на високо ниво а останатите на стандардно ниво  кои се изучуваат во континуитет од две учебни години во текот на трета и четврта година гимназиско образование. На крајот од четврта година учениците полагаат екстерни испити на меѓународна матура по сите предмети. Покрај задолжителните предмети Дипломата на ММ вклучува и оценување на други задолжителни елементи познати како (јадро или Core) како матурски есеј (the extended essay), курс по теорија на спознанието (Theory of Knowledge) и  воншколски активности наречени креативност, акција и сервис (КАС) кои мора да бидат успешно завршени.

Наставата и учењето се изведуваат во согласност со најсовремен наставен план и програма  кои се насочени кон стекнување на знаење, развој на вештини во голем број на области, оспособување за пишување на различни видови текстови, семинарски работи, портфолија и матурски задачи.

Во Диплома програмата учениците развиваат одговорност за своето образование,  само-дисциплина и  академски вештини за понатамошно образование и доживотно учење.

Учениците имаат можност да развијат систем на вредности, хуманост, толеранција и разбирање за другите, интернационализам и свест за плурикултурализам и мултикултурната природа на општеството и светот.

Англиски јазик (English)

What is the International Baccalaureate?

The International Baccalaureate is a non-profit educational foundation which has established itself as a leader in the sphere of international education. The International Baccalaureate® (IB) offers a continuum of international education with  four programmes : Primary Years Programme, Middle Years Programme, the Diploma Programme and the IB Career related certificate which is specifically designed for students who wish to engage into career-related learning. The programmes encourage both personal and academic achievement, challenging students to excel in their studies and in their personal development.

The headquarters is in Geneva, Switzerland and the Curriculum and assessment center in Cardiff, Wales , UK with regional offices and representatives in Beijing, Buenos Aires, Cardiff, The Hague, Mumbai, New York, Singapore, Sidney, Tokyo and Vancouver. It is headed by the Director General based in the Headquarters in Geneva and governed by the Council of Foundation

It was founded in 1968 and it currently works with 4964  schools,  in 153  countries with  over 1 000 000 students and their number increasing every year.

The IB mission statement

The International Baccalaureate® aims to develop inquiring, knowledgeable and caring young people who help to create a better and more peaceful world through intercultural understanding and respect.

To this end the IB works with schools, governments and international organizations to develop challenging programmes of international education and rigorous assessment.

These programmes encourage students across the world to become active, compassionate and lifelong learners who understand that other people, with their differences can also be right.

The nature of the International Baccalaureate Diploma Programme in Josip Broz Tito High School

Josip Broz Tito High School has more than 20 years of experience of teaching the IB Diploma Programme with a team of energetic and dedicated teachers, who have been trained to implement the curriculum and assessment principles of the International Baccalaureate on workshops organized by the IB. The IB Diploma Programme has been taught since September 1996.

The programme at Josip Broz Tito High School enrolls students from the third year of high school (ages 16-17). The IB Diploma Programme requires that the students follow 6 subjects (3-4 at higher level and the other subjects at standard level). The courses are taught for the period of 2 years and lead towards final examinations in May in the final year. In addition to subject requirements, the IB Diploma has three further requirements: an extended essay and theory of knowledge, which are both assessed, as well as creativity, activity, service (CAS) that must be successfully completed.

Teaching and learning is performed according to most contemporary curriculum aimed at acquisition of knowledge, development of skills in a broad range of subjects, writing various types of written reports, coursework, portfolios or extended   essays.

In the IB Diploma Programme students develop responsibility for their education, self-discipline and academic skills for further education and life-long learning.

Students have an opportunity to develop a value system, humanity, tolerance and understanding of others, international mindedness and awareness of pluriculturalism and multicultural nature of the society and the world.

Услови за запишување

Услови за запишување

Учениците треба да ги исполнуваат следните услови:
– да имаат завршено прва и втора година гимназиско образование;
– да го владеат англискиот јазик,
– да ги исполнат барањата утврдени со условите за прием во паралелката со Меѓународна матура:
а) да изработат писмен состав на англиски јазик;
б) да изработат кус состав на македонски јазик;
в) да изработат општ тест на знаење од природната група предмети( математика, хемија,) на македонски јазик;
г) интервју на македонски и англиски јазик.

Услови за прием во паралелката со Меѓународна матура:
Се запишуваат првите 20 кандидати на ранг листа на кандидати кои конкурирале.
Минимум поени за прием во програмата се 75 поени.

Рангирање на кандидатите: Можни поени 100
– успех од свидетелства од прва и втора година гимназија – 50 поени
– резултати од приемен испит – 50 поени

Поените за успех се добиваат така што просечниот успех за секоја година од 5,00 се множи со 5 или 25 поени за една учебна година, а вкупно 50 поени за двете учебни години.

Поени од приемен испит – вкупно 50 поени
Писмен состав на англиски јазик – 10 поени
Кус состав на македонски јазик – 10 поени
Тест по математика – 10 поени
Тест по хемија – 10 поени
Интервју на англиски – 5 поени
Интервју на македонски јазик – 5 поени

Доколку кандидатот приложи диплома од освоени награди на државен или меѓународен натпревар по предметите кои се застапени во програмата на Меѓународна матура тие ќе се бодираат дополнително со 2,5 поени по диплома.

Потребни документи за пријавување

Потребни документи за пријавување

– пријава за запишување во трета година (иста како и за гимназиите);
– свидетелство за завршена прва година гимназија и потврда дека ученикот е редовен ученик во втора година гимназија, (свидетелството за завршена втора година ќе се достави дополнително);
– извод од матична книга на родените со матичен број, без разлика на датумот на издавањето;
– диплома за освоени награди на државни и меѓународни натпревари по предметите застапени во Меѓународната матура (доколку ги има)

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt