Наставата во училиштето се одвива во две смени со тоа што првата смена почнува во 7:30 и завршува во 13:15 часот, а втората почнува во 13:30 до 19:15 часот. Наставниот час трае 45 минути со предвидени мали одмори од 5 минути меѓу  часови и голем одмор помеѓу втор и трет час во првата смена и помеѓу трет и четврти час во втората смена.

Вкупниот годишен фонд на часови во гимназиското образование е следниот:

во I година 31 (33) часа

во I година 31 (33) часа

во I година 31 (33) часа

во I година 31 (33) часа

Основна и најширока форма преку која се остварува целта на воспитно- образовниот процес како и целта на училиштето е наставата. Таа во себе ги опфаќа сите активности на учениците и наставниците преку кои ученикот се здобива со знаења, умеења, вештини и навики.

Со цел подоследно и планско изведување на наставата, секој наставник е задолжен да подготви годишен и тематски план и дневна подготовка на наставен час или наставна единица што преставува стандард, документ преку кој ќе бидат достапни сите информации за текот, методите, формите, средствата и содржините за соодветниот наставен предмет.

Наставата се остварува преку утврден наставен план кој опфаќа четири организациско-содржински компоненти, додатна, дополнителна и продолжителна настава и слободни ученички активности.

Наставниот план е структуриран од четири организациско-содржински компоненти: задолжителни предмети, изборни предмети, задолжителни изборни програми и проектни активности.

Задолжителни предмети

Задолжителните предмети го сочинуваат заедничкото програмско јадро и тие се заеднички и задолжителни за сите ученици во гимназиското образование. Тие се претпоставка за обезбедување на општообразовен стандард кој овозможува хоризонтална и вертикална проодност на учениците. Опфаќаат содржини од современото општо образование коишто во прва година се распоредени во 10 (11) наставни предмети, за постапно да се намалат во четврта година на 5 (6) наставни предмети. Оваа компонента на Наставниот план ја сочинуваат 12 (13) наставни предмети распоредени во четирите години. Тоа, во основа, се поголемиот дел од наставните предмети кои во континуитет продолжуваат од основното образование. Програмите за овие наставни предмети ги изготвува Бирото за развој на образованието во соработка со соодветните факултети и наставници од училиштата, а ги донесува министерот за образование и наука.

Изборни предмети

Изборни предмети од втора година :

  1. Информатичка технологија
  2. Класични јазици
  3. Елементарна алгебра и геометрија
  4. Говорење и пишување
  5. Етика

Ученикот избира еден предмет

Задолжителни изборни подрачја

Природно-математичко подрачје

Комбинација А

Во трета година се понудени : Линеарна алгебра и аналитичка геометрија, Алгебра со по 3 часа неделно, а во четврта : Програмски јазици, Математичка анализа и Физика со по 3 часа недело.

Комбинација Б

Во трета година се понудени : Програмски јазици, Географија и Латински јазик со по 2 часа неделно, а во четврта : Физика, Хемија и Биологија со по 3 часа неделно.

Јазично–уметничко подрачје

Комбинација А

Во трета година се понудени : Трет странски јазик со по 3 часа, Класичен јазик и Педагогија со по 2 часа неделно, а во четврта : Трет странски јазик со по 3 часа неделно, Класичен јазик, Психологија и Компаративна книжевност со по 2 часа неделно

Комбинација Б

Во трета година се понудени : Ликовна уметност, Музичка уметност и Педагогија со по 2 часа неделно, а во четврта : Ликовна уметност, Музичка уметност и Психологија со по 2 часа неделно.

Општествено-хуманистичко подрачје

Комбинација А

Во трета година се понудени : Вовед во право, Социологија и Латински јазиксо по 2 часа, а во четврта : Економија со 3 часа и Менаџмент, Логика и Историја со по 2 часа неделно.

Комбинација Б

Во трета година се понудени : Етика, Социологија и Педагогија со по 2 часа неделно, а во четврта : Социологија со 3 часа и Филозофија, Историја и Психологија со по 2 часа неделно.

Проектни активности

Преку овој сегмент учениците имаат можност да ги искажат своите знаења, умеења и способности  преку реализација на определени проектни активности кои самите ги избираат.

Проектните активности се изведуваат со менторска настава при што наставникот ги поучува и оспособува ученицте за самостојна и тимска работа.

Проектните активности може да се реализираат во текот на целата учебна година. Оние активности кои се реализираат во училштето се организираат во време прифатливо за учениците.иот распоред на часовите.

Оние ученици кои од било какви причини нема да ги реализираат предвидените Проектни активности имаат обврска да го направат тоа до 31.08 истата учебна година во спротивно нема да им се издаде свидителство за завршена година, тоа значи дека ученикот не реализирал дел од наставниот план за гимназиско образование и не може да го продолжи образованието во гимназијата.

Во оваа учебна година  сите ученици ќе реализираат проектна активност–Иновации и претприемништво а како втора проектна активност ќе се реализираат: мир, толеранција и заштита, хор, урбана култура, ликовно творечки активности, информатика, хемија, физика, биологија, математика, култура на здраво живеење, драма, новинарство и граѓанска култура.

Останати информации

Постигањата на учениците се искажуваат описно (член 56 од Законот за средно образование “Сл. весник на РМ” бр. 52 од 11 јуни 2002 година) со следниве искази:

• програмата ја реализирал со особен успех

• програмата ја реализирал со многу добар успех

• програмата ја реализирал со добар успех

• програмата ја реализирал со доволен успех

Учениците кои од оправдани причини ќе изостанат од наставата или нема да реализираат дел од програмата, пропуштеното можат да го реализираат во некој договорен термин со наставникот, за време на полугодишниот распуст или на крајот од наставната година, најдоцна до почетокот на следната учебна година. Ученик кој не ги реализирал предвидените изборни програми од неоправдани причини не добива свидетелство за завршена година и нема право на упис во наредната година.

Останати видови настава

Дополнителна настава

За учениците кои имаат потешкотии во учењето во текот на учебната година ќе се организира дополнителна настава. Предметниот наставник е обврзан да изведува дополнителна настава ако по предметот  се евидентираат повеќе негативни оценки. Секој предметен наставник задолжително треба да направи распоред за изведување на дополнителната настава и навремено да ги запознае учениците со распоредот.

Додатна настава

За учениците кои ќе покажат зголемен интерес за одделни научни и наставни содржини ќе се организира додатна настава преку која ќе се обезбеди проширување и продлабочување на содржините на одделни предмети и подрачја  и учество на учениците на натпревари.

Продолжителна настава

За ученици кои се упатени на поправен испит по завршувањето на наставната година ќе се реализира продолжителна настава.

Консултативна настава

Оваа настава ќе се организира за оние ученици на кои им е потребна помош во совладувањето на одделни содржини од предметите кои учениците не ги изучувале, го менуваат профилот или струката или се упатени на поправен и испит на годината и за учениците од завршните години во функција на матурата.

Во случај да имате дополнителни прашања во врска со нашата настава

Нашиот персонал со голема посветеност и задоволство ќе се потруди да ви одговори на вашите прашања.

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt