СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, општина Центар, Република Северна Македонија, основано како Прва скопска гимназија, со решение од 1 декември 1944 год.

Училиштето (Гимназијата) е средно училиште од посебен општествен интерес. Сместена е во релативно нова наменски изградена зграда во строгиот центар на градот Скопје, ул. “Димитрија Чуповски”, бр.27. Нејзина основна дејност е организирање на воспитно-образовниот процес за остварување на плановите и програмите од гимназиското образование во Република Северна Македонија.

За многуте децении постоење и непрестан развој на воспитно-образовниот процес, гимназијата прерасна во модерно училиште според сите европски стандарди.

Простории и корисна површина по ученик

Училишната зграда со која располага гимназијата е со површина од 7246 м² корисна  површина или приближно 6 м² по ученик. За организација на современ воспитно-образовен процес, слободни ученички активности и други дејности  се користат 27 училници,  9 наставни кабинети, библиотека , бифе, аула за свечености, спортски терени, фискултурна  сала и гардероба итн.

Освен училишната зграда, гимназијата располага и со училишен двор од вкупно 5600 м². од кои 2850 м²  се озеленета површина, а преостанатите 2750 м²  се спортски терени за фудбал, кошарка и ракомет.

Нашите ученици активно уживаат во учењето и наклоноста кон учењето  треба да ја задржат низ текот на целиот живот. Тие треба да истражуваат концепти, идеи и теми кои се од локална и глобална важност. Правејќи го ова, тие се здобиваат со продлабочено знаење и развиваат разбирање за поширок и урамнотежен опсег на дисциплини. Тие  треба да превземаат инцијатива  во примена на способноста за  критичко размислување и креативност  за да  препознаваат и да  приоѓаат кон решавање на комплексни проблеми  со донесување на  логички и етички одлуки. Тие разбираат и искажуваат идеи и информации уверливо и  креативно на повеќе од еден јазик и во најразлични начини на комуникација. Тие работат ефективно и  активно соработуваат со другите. Тие покажуваат сочувство со другите и почит кон потребите и чувствата на останатите луѓе. Тие лично и самите се одредуваат кон  волонтерска работа  за другите во општеството и делуваат во насока на  позитивни промени во животите на другите и природата. Учениците од нашата гимназија се храбри во искажувањето  и бранењето на своите убедувања.

Тие  ја разбираат важноста на интелектуалната, физичката и емотивната рамнотежа за да можат да  постигнат лична благосостојба за себе и останатите.

Тие размислуваат и се објективни кон себе и своето учење и искуство. Тие се способни да ги проценат и разберат своите јаки страни и ограничувања со цел да го подобрат своето учење и личен и понатамошен академски развој.

Мисија

„Со високи воспитно-образовни норми до здрави, млади личности оспособени за понатамошното образование.“

Визија

„Динамично училиште-критериум за успех“

Цели на училиштето

Осовременувње на наставата со нови наставни средства и помагала;

Подигање на квалитетот на воспитно-образовниот процес со имплементација на нови програмски содржини;

Интерно стручно усовршување на наставниот кадар за примена на активни методи и техники на учење;

Промовирање на индивидуланиот развој и личноста на ученикот;

Градење креативни и морални личности кои ќе се интегрираат во современите текови на животот;

Перманентна грижа за здравјето на учениците;

Градење на позитивна клима и средина за учење во која ќе дојдат до израз различните способности и афинитети на учениците;

Унапредување на формите на соработка со родителите и локалната средина;

Градење на взаемна почит, доверба и меѓуетничка толеранција

Видео за нас

Ресурси на опкружувањето

Со својата местоположба, гимназијата може да се користи со мошне значајни ресурси на опкружувањето. Имено, во нашата општина егзистираат повеќе библиотеки, меѓу кои една национална (Народната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”), една градска (Библиотеката “Браќа Миладиновци”), една општинска (Библиотеката “Страшо Пинџур”), Францускиот културен центар, Германскиот културен центар. Освен тоа, во непосредното опкружување на гимназијата се наоѓаат и книжарници на сите најголеми издавачи во Републиката.

Во близина на училиштето се наоѓаат и музеите: Музеј на град Скопје, Музеј на Македонија, Музеј на современа уметност, Музејот на македонската борба за државност и самостојност Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим, како и повеќе културно-историски споменици.

Во непосредната околина на гимназијата се наоѓаат уредениот кеј на реката Вардар, погодни за училишно спортување и Градскиот парк, погоден за повремена настава во природа.

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt