Во составот на Гимназијата, под раководство на професорката Јулија Ликоска – Угриноска – библиотекар, постои и успешно функционира училишната библиотека чијашто воспитно – образовна и информативна улога е да им помага на учениците да се стекнат со дополнителни знаења по предметите што ги изучуваат. Училишното знаење стекнато преку литературата користена од библиотечниот книжен фонд кој брои повеќе од 20.000 единици, на македонски, српски, хрватски, руски, англиски, француски, германски, италијански и турски јазик, станува духовно богатство на секој ученик.

Значајно е да се каже дека е огромна улогата на воспитната компонента на библиотеката во подигнување на свеста на учениците за дружба со книжевните извори, мотивирање на учениците за изразување на своите чувства, размислувања и ставови преку ораторството и секако преку пишуваниот збор. Токму тоа, неколку години го реализира „Клубот на читатели“, со бројни активности: промоции на литературни дела на ученици од гимназијата, одбележување значајни датуми, литературни читања, гостувања на промоции на книги и капитални дела, организирање на предавања и панел дискусии на гости – предавачи, посета на библиотеки, саеми на книги, хуманитарни акции…

Професорката Јулија мисионерски, им ја вгнездува на учениците лековитата моќ на читањето, па оттаму и оправданоста на мотото на нашата библиотека – „Лековито место за душата“.

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt