Силвана Кржовска

Силвана Кржовска е родена на 29.01.1972 година. По завршувањето на Основното училиште „Јан Амос Коменски“ и Средното училиште „Борис Кидрич“ во Скопје, во 1990 година се запишува на Факултетот за природни науки (Институт за географија) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истиот го завршува во 1994 година, како дипломиран професор по географија.

Од јуни 1995 година до денес е вработена како професор по географија во редовна настава и професор по географија во Меѓународна матура, на англиски наставен јазик, во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје. Од 2000 до 2008 работи и како КАС координатор и ментор во рамките на паралелката со Меѓународна матура. Во 2015 и 2016 година, од страна на Министерството за образование и наука на РМ (во рамките на проектот Ромска декада), ангажирана е како ментор на ученици од ромска националност. Од септември 1999 до септември 2003 хонорарно работи и како професор по географија во Меѓународното средно училиште Американска гимназија Скопје, на англиски наставен јазик, а од септември 2007 до септември 2009 и како професор по географија на англиски наставен јазик во средното училиште Петта приватна гимназија Скопје (хонорарно).

Како професор, а во исто време ментор и КАС координатор и координатор на младинската канцеларија во училиштето, покрај нејзината примарна обврска во наставата, извршува и различни административни функции, изработка и одржување на досие на учениците, организирање на бројни презентации и дебата седници, надгледување и координација на ученичкиот развој и работа, обезбедување институционална и материјална поддршка за работа на терен и одржување на јавна расправа. Учествува во изработка и поддршка на проекти за мултикултурно разбирање меѓу учениците, преку организирање средби, следење на работата, административна поддршка на мултикултурното разбирање и живеење на локално, национално и глобално ниво. Дел од нејзините активности вклучуваат и подготовка на кореспонденција, изготвување факсови, писма, електронски писма и административни известувања за дистрибуција на сите проекти, поддршка на координаторот на Меѓународна матура.

Како КАС координатор е одговорна за успешна имплементација на дел од наставниот процес во реалниот живот, со главна цел учениците да станат посериозни личности и да имаат контакт со реалниот живот. Водењето во правец на посериозен пристап, давањето иницијатива и одлична посветеност се нејзините приоритети, со посета на учениците на друг тип институции кои третираат различни сегменти од нашиот живот.

Како координатор на Младинската организација – канцеларија во училиштето учествува во водење и одржување на сите дебати и работилници, подготовка на годишни програми, подготовка на анкети и прашалници, датотеки за нови членови, правење анализи и поднесување извештаи како дел од соработката со многу невладини организации.

Од вработувањето до денес има присуствувано на повеќе семинари, обуки, работилници, форуми, фестивали и трибини како учесник, предавач, ментор и координатор, за што е добитник и на поголем број сертификати.

Од јуни 2018 година се наоѓа на позиција директор на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје.

Во  текот на своето постоење во гимназијата работеле голем број наставници под водство на 17 директори и тоа:

Васил Иљоски (1944/1945)

Нада Ачковска (1945/1946)

Павле Даскалов (1946/1947 – 1947/1948)

Злата Ангелова (1948/1949)

Вера Нацева Коробар (1949/1950 – 1952/1953)

Олга Мишиќ Соколова (1953/1954 – 1954/1955)

Јордан Димевски (1955/1956 – 1964/1965)

Васил Чипов (1965/1966 – 1981/1982)

Марика Христова вд. (1981/1982 – 1982/1983)

Благоја Петровски вд. (1984/1985 – 1986/1987)

Славка Арсова вд. (1986/1987)

Петар Илиевски прив.упр. (1986/1987)

Аџиевски Спасоје вд. (1986/1987)

Јован Созовски (1987/1988 – 1998/99)

Славица Сековска (1999/2000 – 2002/2003)

Снежана Мироновска (2003/2004 – 2012/2013)

Драган Данев (2012/2013 – 2013/2014)

Татијана Стојанова – Дуева (2013/2014 – 2017/2018)

Силвана Кржовска (2017/2018 – денес)

За многуте децении постоење и непрестан развој на воспитно-образовниот процес, гимназијата прерасна во модерно училиште според сите европски стандарди.

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt