СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, општина Центар, Република Македонија, основано како Прва скопска гимназија, со решение од 1 декември 1944 год.

Основањето на гимназијата започнало со решение на Президиумот на АСНОМ и назначувањето на писателот и акад. Васил Иљоски за прв директор (1.XII.1944). Наскоро биле назначени и првите 29 наставници (јануари 1945), а  на 1 февруари 1945 год. започнала и работата на Првата скопска гимназија со вкупно 790 ученици во 23 одделенски паралелки. Наскоро, пак, на Третата седница на Наставничкиот совет на Првата скопска гимназија било решено таа да се именува со името на претседателот на ФНРЈ “Јосип Броз – Тито”. Оттогаш до денес таа и го задржа името на Јосип Броз – Тито како свој патрон.

Во првите три децении од основањето, гимназијата неколку пати го менувала објектот за сместување и локацијата, а на денешната локација, со своја училишна зграда, се наоѓа од 13 ноември 1972 год. до денес.

Во текот на своето постоење, гимназијата успева да ја докаже својата вредност како прва гимназиска образовна институција. Доказ за тоа се и бројните признанија и награди кои ги има добиено како колектив, признанијата за истакнати членови на професорскиот состав и бројни награди што учениците ги имаат освојувано на разните натпревари. Во прилог на ова може да се наведат неколку награди и признанија.

Во 1964 година, Гимназијата добива Спомен-плакета на град Скопје, 1969 година, Ноемвриска награда, на крајот од учебната 1971/1972 година е на прво место на ранг-листата за средни училишта, а во 1975 година, претседателот на тогашната држава, Јосип Броз Тито, ја одликува Гимназијата со Орден на трудот со златна ѕвезда.

Исто така и учениците остваруваат врвни резултати од областа на науката, културата и уметноста.

Историја низ слики

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt