In Соопштенија

ИНТЕРЕН ОГЛАС

За запишување на ученици во  ГЕРМАНСКА  ПАРАЛЕЛКАсо изучување нагермански јазик со 6 часа неделен фонд  во учебната 2018/2019 година

во СУГС гимназија “ ЈОСИП БРОЗ – ТИТО “  Скопје

 

1.БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА

Во согласност со Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на ученици во прва година во учебната 2018/2019 год. во гимназија “Јосип Броз – Тито“ – Скопје, ке се запишат 34 ученика во прва год. во една ГЕРМАНСКА ПАРАЛЕЛКА со 6 часа неделен фонд по Германски јазик, сите останати предмети се следат на македонски наставен јазик со ист неделен фонд како и сите останати паралелки во гимназијата.

 

2.УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Учениците треба да ги исполнат следните услови:

  • Да имаат минимум 60 поени од средниот успех за запишување во гимназијата
  • Да се запишат т.е. рангираат на листата на примени ученици во гимназијата
  • Да има изучувано Германски јазик во своето ОУ
  • Да го положат квалификационото тестирање ( приемниот испит)

Услов за прием во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА  е успехот од ОУ и  успешно положениот квалификационен тест по германски јазик. Доколку последните два ученика имаат ист број на поени ке одлучува средниот успех од основното образование.

Минимум поени за прием во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА се освоени 25 поени од вкупно можни 50 поени ( или 50% од вкупниот број на поени) од квалификационото тестирање.

 

  1. ПОЕНИ ОД КВАЛИФИКАЦИОНОТО ТЕСТИРАЊЕ

Првите три ( 3) дела читање во разбирање ( Leseverstehen)                             = 40 поени

Последниот дел пишување ( Schreiben )                                                             = 10 поени

Вкупно = 50 поени

Целиот квалификационен тест ке биде на А2 ниво според европската диференцијална јазична рамка.

Објавената ранг листа на примени ученици во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА   ке биде објавена со поени од средниот успех од основното образование и освоените поени од квалификационото тестирање.

 

НАПОМЕНА: Секој ученик кој што конкурирал за запишување во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА мора да го полага квалификациониот тест, без разлика на тоа дали ученикот има претходно диплома со положено А2, Б1 ниво.Секој ученикот мора да го полага квалификациониот  тест во гимназијата , за да биде запишан во германската паралелка.

 

  1. КОНКУРСНИ РОКОВИ

– Поднесување документи на 18 и 19 јуни 2017 год. од 8.00 до 15.00 часот

– Квалификаионото тестирање ке се одржи на 22.06.2018  во 9.00 часот  во просториите на  гимназијата .

– Објавување на резултатите ( конечна ранг листа) за примените ученици во Германската паралека ке биде објавена на 25.06.2018 год.

 

 

ГИМНАЗИЈА  “ЈОСИП БРОЗ ТИТО “                                                    ДИРЕКТОР

СКОПЈЕ                                                                             Татијана Стојанова- Дуева

Recent Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt