Во организација на Секторот за образование на Град Скопје и Здружението на граѓани „СФЕРА“ на 6 октомври 2018 година на Средно Водно во Скопје по петти пат се реализираше проектот манифестација за ученици од средните училишта на Град Скопје. Овој проект што содржи различни активности (крос, натпревари во знаење, уметнички вештини, еколошки-зелени игри, забава…) има за цел да ги поттикне средношколците да развијат свесност за потребата и неопходноста од нивен редовен престој во природа со цел подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје. На еднодневните игри кои имаа натпреварувачки карактер беа вклучени сите средни училишта во Скопје. Нашето училиште го освои пехарот според најголемиот број освоени медали, во однос на другите училишта. Први награди добија учениците: Лиле Стефановска – за креативно пишување, Ања Павловска – на квизот по општествени науки, Мина Јелушиќ и Ведран Чешарек – за актерска игра и Антоанета Малиновиќ – за плеј играплеј – графит. Втора награда добија Риа Давковска за фотографија и Марко Дураков за технички вештини, додека трета награда доби Ана Мијаличиќ во натпреварот по цртање. Одговорни професори беа Дијана Дерменџиева, Цеца Ѓорѓиева, Ивона Младенова , Емилија Величкова, Орхан Абди, Цветко Неделковски, Гоце Симоновски и Ангелина Дамјаноска – Наумоска.
Recent Posts