На 22.10.2018 година нашата гимназија и спортскиот комплекс „Мондано“ беа домаќини на проектот “Green zone“ – зазеленување на општина Центар и Град Скопје. На настанот присутни беа гости од МОН, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ , претставник од Град Скопје-шеф на кабинет Никола Наумовски, директорката на нашата гимназија Силвана Кржовска, директори од средни училишта, претставници од Мондано, приватни фирми и граѓани поддржувачи на зелениот појас. Присутните засадија дрва со еко пораки и се отвори тениското игралиште единствено во Република Македонија кое ќе го користат и учениците.
Recent Posts