На 5.11.2018 г. во официјална посета на Училиштето беше г-дин Лорни Крејнер – претседател на Американските Совети за Меѓународно образование од Вашингтон, САД, во придружба на Зденка Николовска и Весна Наумовска од Американски Совети, Македонија.
На директорката Силвана Кржовска и врачи благодарница за соработката на Училиштето со YES Abroad програмата во чии рамки во училиштето престојуваат две ученички од САД: Каролин Бругеман и Џасмин Хајден Лав. Оваа соработка е од исклучително значење за учениците од програмата за Меѓународна Матура каде наставата е на англиски јазик и ученичките земаат учество во презентации, дебати, скајп-конференции, натпревари за говорење и заедничка изложба со училиштата од САД.
Recent Posts