На 25.01.2019 во посета на училиштето престојуваа Г-дин Марис Тебецис- втор секретар во Амбасадата на Австралија од Белград и Г-дин Зоран Т.Костовски- почесен конзул на Австралија во Република Македонија. Тие пред учениците од програмата за Меѓународна матура и гостите од Катовице одржаа презентација за мултикултурниот карактер на Австралија и ги претставија можностите за соработка со училиште од Австралија. Презентацијата имаше мултикултурна содржина и се разви интересна дискусија за различностите и заедничките карактеристики на културите на Австралија , Република Македонија и Република Полска.
Recent Posts