Во рамки на соработката со гимназијата Адам Мицкијевиќ од Катовице од Полска во нашето училиште пристигнаа 19 ученици во придружба на двајца професори. Тие беа домаќини на учениците од програмата за Меѓународна матура во ноември а сега ќе престојуваат во Скопје во текот на следните седум дена. Со нашите ученици заедно ќе го продолжат теренското истражување за „Споредба на квалитетот на животот во Скопје и Катовице“, а потоа податоците ќе ги обработат во вид на извештај од спроведено истражување кое ќе биде предмет на надворешно оценување во рамки на предметот Географија.
За време на првиот ден гостите го разгледаа училиштето и се запознаа со повеќе професори и ученици и го посетија ателјето по визуелни уметности.