Под мотото “Да шириме љубов”, на 27.02.2019 година, во училишната библиотека се одржа литературно читање. Членовите на “Клуб на читатели” ги интерпретираа своите лични поетски творби како и извадоци од збирките поезија на најисткнатите македонски автори како Б. Конески, Г. Тодоровски, П. М. Андреевски.
Љубовта ја “ширевме” и преку музиката.
Овој настан ја потврдува љубовта на нашите ученици кон поезијата и кон музиката.
Исто така, оваа литературна дружба им ја посветивме и на децата со даунов синдром како наша хумана поддршка зашто тие се дел од сите нас.
Recent Posts