На ден 9-ти февруари во рамките на првата генерација на Generation Unlimited – Младинскиот предизвик на УНИЦЕФ, имплементиран од Здружението на граѓани СмартАп, а во организација на тимот СПЕС – еден од 5 -те тимa кои добија шанса да ја реализирааат својата идеја за борба против меѓуврсничко насилство беше одржан настанот #ПречкртајНасилство во С.Г.Г.У. „Здравко Цветковски“. Организирана беше креативна графити работилница со паралелна панел дискусија. За време на настанот беа вклучени средношколци, артисти, инфлуенсери, социјални работници и психолози, меѓу кои зема учество и педагогот на С.У.Г.С. „Јосип Броз Тито“ Маја Војновска. Целта на овој тим, кој е составен од четири средношколци и истите се ученици на четири различни училишта и тоа: Николија Пехчевска од С.У.Г.С. „Орце Николов“, Мила Трајчева од С.У.Г.С. „Јосип Броз Тито“, Сара Стојанова од С.У.Г.С. „Георги Димитров“ и Бојан Љотиќ од С.Г.Г.У. „Здравко Цветковски“, е да се подигне свеста против меѓуврсничкото насилство меѓу средношколската популација, да се пречкрта насилството и да се нацрта љубовта.