На 10.09.2019 год. нашата Гимназија беше посетена од претставници на Владата на НР Кина. Целта на посетата беше согледување на можностите за проширување на проектот Е-учење во чија прва фаза од кинеската влада беше донирана ИТ-технологија. На средбата, директорката Силвана Кржовска гостите ги запозна со активностите во училиштето во рамките на проектот, а дел од наставниците ги презентираа своите искуства од користењето на донираната опрема.
Recent Posts