Во Меѓународна, Соопштенија

УСЛОВИ ЗА УПИС И КОНКУРСНИ РОКОВИ

1. БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА

Во согласност со Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на ученици во учебната 2020/2021 г. во гимназијата ,,Јосип Броз Тито во Скопје ќе се запишат 20 ученика во трета година во една паралелка со диплома програма на Меѓународна матура во која наставата ќе се изведува на англиски и македонски јазик.

2. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Учениците треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат завршено прва и втора година гимназиско образование;
  • да го владеат англискиот јазик,
  • да ги исполнат барањата утврдени со условите за прием во паралелката со Меѓународна матура:
    1. да изработат писмен состав на англиски јазик;
    2. да изработат кус состав на македонски јазик;
    3. да изработат општ тест на знаење од природната група предмети( математика, хемија,) на македонски јазик;
    4. интервју на македонски и англиски јазик.

Услови за прием во паралелката со Меѓународна матура:

Се запишуваат првите 20 кандидати на ранг листа на кандидати кои конкурирале. Минимум поени за прием во програмата се 75 поени.

Рангирање на кандидатите: Можни поени 100

  • успех од свидетелства од прва и втора година гимназија 50 поени

Поените за успех се добиваат така што просечниот успех за секоја година од 5,00 се множи со 5 или се добиваат 25 поени за една учебна година.

  • резулатити од приемен испит 50 поени

Поени од приемен испит – вкупно 50 поени

Писмен состав на англиски јазик – 10 поени
Кус состав на македонски јазик – 10 поени
Тест по математика – 10 поени
Тест по хемија – 10 поени
Интервју на англиски – 5 поени
Интервју на македонски јазик – 5 поени

Доколку кандидатот приложи диплома од освоени награди на државен или меѓународен натпревар по предметите кои се застапени во програмата на Меѓународна матура тие ќе се бодираат дополнително со 2,5 поени по диплома.

3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Дополнително во рок и начин кој подоцна ќе биде утврден ќе се приложат и следните документи:

  • свидетелство за завршена прва година гимназија и потврда дека ученикот е редовен ученик во втора година гимназија, (свидетелството за завршена втора година ќе се достави дополнително),
  • извод од матична книга на родените со матичен број, без разлика на датумот на издавањето,
  • диплома за освоени награди на државни и меѓународни натпревари по предметите застапени во Меѓународната матура (доколку ги има).

4. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Информации за програмата за Меѓународна матура може да се најдат на Веб страната на гиманзијата преку линкот https://josipbroztito.edu.mk/megjunarodna-matura/ и на социјалните мрежи на Facebook профилот на Гимназија ,,Јосип Броз Тито,, Скопје.

Пријавувањето на кандидатите поради вонредната состојба со Ковид 19 ќе се врши по електронски пат на службениот мејл на училиштето josipbrozmatura@yahoo.com од 4 до 15 мај 2020 заклучно до 24 00 часот со пријава за запишување во трета година ( иста како и за гимназиите), која ја има на веб страната на училиштето во електронска форма.

 

Поради вонредната состојба со Ковид 19 пријавените кандидати во предвидениот рок дополнително ќе бидат известени за начинот и термините за спроведување на конкурсните услови за влез во праралелката со меѓународна матура.

Recent Posts

Оставете коментар

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt