In Соопштенија

Драги ученици,

Нашето училиште за првпат оваа година се вклучува во два проекта од областа на транснационалната размена на искуства и добри практики во рамките на програмата Еразмус+, КА229 – Стратешки партнерства за училишни размени. Проектите во кои нашето училиште учествува се: „Нашиот живот во наши раце“ (“Our Life in Our Hands“) и „Обновливи извори на енергија“ (“Renew Energy“).

Целта на проектите е интернационализација на образовниот процес и доближување на европските вредности и практики до нашето образование. Во секој од проектите учествуваат училишта од пет земји, меѓу кои е и нашата земја.

Времетраењето на секој од проектите е две години (2020-2022), во текот на кои континуирано ќе се реализираат разновидни тематски активности во сите училишта вклучени во проектите, а во текот на двата проекта ќе се реализираат и по пет мобилности со размена на ученици и наставници.

Ве известуваме дека на веб-страницата на училиштетото ќе бидат поставени апликациски формулари за учество на заинтересираните ученици. Крајниот рок за поднесување на формуларите ќе биде до 26.10.2020 год. (понеделник), а резултатите од селекцијата ќе бидат објавени на 30.10.2020 год. (петок).

Селекцијата на учениците, потенцијални учесници во проектите, ќе ја изврши комисија за рангирање на учениците врз основа на одговорите од прашалниците и Критериумите за учество на ученици во проектите од програмата Еразмус+  КА229 – Стратешки партнерства за училишни размени . Од пријавените ученици ќе се одберат по 15 ученици коишто ќе бидат дел од проектните тимови чија задача ќе биде да ги координираат активностите во училиштето за времетраењето на проектите.  Сите останати што нема да бидат селектирани ќе можат да се вклучат при самата реализација на активностите со што стануваат потенцијални учесници во мобилностите во овие или во другите проекти. Повеќе информации за самите проекти за заинтересираните ученици има на следните линкови:

 

Recommended Posts
Comments

Напиши одговор на Afra Zeyadin Откажи одговор

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt