Во текот на наредните три дена (19, 20 и 21 февруари 2021 г.) 8 ученици од трета година од паралелката со Меѓународна матура под менторство на професорката Гордиана Ѓоргова ќе учествуваат на меѓународната виртуелна конференција MUNDP 2021. Тимот е составен од Ева Доневска, Камелија Патоска, Марија Филипова, Георгина Петреска, Теодора Тодорова, Гоце Стојчевски, Анастасија Стојковска и Дарко Стојчев. Ќе се дебатираат темите:индустријализација, пренаселеност, животна средина и здравје со фокус на регионот Јужна Азија и Пацификот, а натимот му беше доделена земја Арапска Република Сирија.
Им посакуваме успешна дебата во меѓународни рамки со околу 500 делегати.