Логото од нашето училиште беше избрано за лого на Еразмус+ проектот „Обновливи извори на енергија“. Дизајнот на логото е на ученичката Нина Станоеска од паралелката I-10, а во техничката доработка на логото беше вклучен ученикот Матеј Ристески од паралелката III-1.
Гласањето се реализираше онлајн, преку прашалник на Google Forms. Во конкуренција на логоата од другите училишта што се вклучени во проектот (TOBB Polatli Fen Lisesi од Турција, Scoala Gimnaziala Maria Rosetti од Романија, Primary School “Petko R.Slaveykov” од Бугарија, Istituto Di Istruzione Superiore “Sebastiano Satta“ од Италија) нашето лого доби најмногу гласови и стана официјално лого на проектот.
Креирањето на ова лого е резултат на ангажманот и креативноста на учениците и професорите вклучени во проектот, а пред сè на ученичката Нина Станоеска.