Традиционалниот настан, “Средба на првиот со најдобрите” се одржа на 15.06.2021 год. на Школката во Градскиот парк, под покровителство на град Скопје, a во присуство на Градоначалникот Петре Шилегов, амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Дејвид Гир, директорите, професорите и други гости. Ученичката Јана Мајнова од IV 14 паралелка (меѓународна матура) е првенецот на генерацијата од нашето училиште. На настанот таа ја имаше честа да се обрати во име на првенците од сите 23 скопски училишта и го прими признанието за постигнатите резултати.
Честитки до Јана и останатите првенци, им посакуваме успех во понатамошното школување.
Recent Posts