СУГС „Јосип Броз – Тито“ се гордее со успесите на учениците кои вложуваат максимални напори да се квалификуваат и да освојуваат медали и признанија на на меѓународни натпревари и светски оломпијади. Еден од нив е и Дарко Стојчев од Кавадарци кој своето образование од учебната 2020/21 го продолжува во програмата за Меѓународна матура во нашето училиште, а кој веќе бил учесник на две светски олимпијади по природни науки и хемија.Тоа се: IJSO 2018 во Боцвана и IChO 2020 во Истамбул со освоен бронзен медал на IJSO и пофалница на IChO; Дарко е исто така и двократен државен првак по хемија во 2018 и 2019 како и учесник на натпреварот по хемија IMO (Меѓународна Олимпијада Менделеев) 2020 и 2021 година.
Неговата посветеност на хемијата продолжува и како ученик во СУГС „Јосип Броз – Тито“ во Скопје. Во текот на оваа учебна година тој освои прво место на двата селекциони натпревари за олимпијадите по хемија, оддржани на 05.04.2021 за учество IMO, и на 25.05.2021 за учество на светската олимпијада IChO 2021 Јапонија. Со првото место е обезбедено учество на Светската Олипијада по Хемија која ќе се одржи од 25.07.2021 до 02.08.2021; Паралелно со ангажирањето во програмата за меѓународна матура и обврските кои таа ги носи Дарко зема учество на IMO (Меѓународна Олимпијада Менделеев) 2021. На регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 28.05.2021 Дарко освои прво место со максимален број на поени, и со тоа обезбеди учество на државниот натпревар кој ќе се оддржи на 17.06.2021.
Она што е најважно е што Дарко Стојчев покрај својата секојдневна посветеност на подготовките за натпреварите е редовен ученик кој покажува исклучителни резултати и по другите предмети, активно се вклучува и во сите дополнителни активности на КАС програмата и е врснички едукатор на ученици од основното образование.
Доделувањето на медалот во Боцвана 2018 год.
Светската Олимпијада по Хемија во 2020 год.
Подготовките на Хемиски институт