Нашето училиште во периодот од 1.9.2020 до 31.8.2022 година го спроведува Еразмус+ проектот „Ефективна училница насочена кон ученикот“ (бр. 2020-1-MK01-KA101-077668). Во рамките на проектните активности на 22.8.2022 год., на платформата Microsoft Teams, во 20:00 часот ќе се реализира дисеминација на обуките: ИКТ како средство за ефективна училница насочена кон ученикот, Интелигентно оценување и евалуација, Менаџмент на Еразмус+ проекти и посета на училишта акредитирани за Еразмус+ и Поттикнување критичко и креативно размислување на учениците во училницата.
Ги покануваме заинтересираните наставници да земат учество во работилниците со што ќе се здобијат со сертификати. Линк до настанот: https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3augQYAv_d8Bnyf6dBQ2czfLiK4sb6WT7vPeYiNzjP-wM1%40thread.tacv2/1660815246328?context=%7b%22Tid%22%3a%2205ca2741-21fc-4e7f-a1cb-e7361737e13c%22%2c%22Oid%22%3a%22be39cd3d-ee24-4cf5-9f07-d377c4de66e3%22%7d