Драги ученици,
Нашето училиште е вклучено во Еразмус+ проектот „Нашиот живот во наши раце“ (“Our Life in Our Hands“) од програмата КА229 – Стратешки партнерства за училишни размени.
Проектот започна со реализација во септември, 2021 година и ќе трае до мај 2023 година. Во проектот континуирано се реализираат разновидни тематски активности во сите училишта вклучени во проектот, а се реализираат и пет мобилности со размена на ученици и наставници (досега се реализирани две).
Во рамките на проектот за реализација на ЛТТ активноста на Крит, Грција, се појави потреба од ангажирање на уште 4 (четири) ученици. Мобилноста ќе се реализира во периодот 23-29 октомври 2022 год.
Упатуваме повик до сите заинтересирани ученици од нашето училиште да се пријават со пополнување на апликацискиот формулар.
Крајниот рок за поднесување на апликациските формулари е 07.09.2022 год. (среда), а резултатите од селекцијата ќе бидат објавени најдоцна до 13.09.2022 год. (вторник).
Поради барањето на училиштето домаќин во врска со ситуацијата на Ковид 19, предност ќе имаат учениците кои до 07.09.2022 год. (среда) кај раководителот на смена ќе достават вакцинални сертификати со примени две дози вакцина или сертификат за прележана болест со најмалку 6 (шест) месеци важност имајќи го предвид времето на патување (23-29 октомври 2022 год.). Доколку заинтересираните ученици се вакцинирани со две дози, а во времето на патување ќе бидат поминати повеќе од 6 (шест) месеци, потребно е до 07.09.2022 год. (среда), кај раководителот на смена да достават писмена изјава од родителот дека во случај протоколите за влез во Грција да го наложуваат тоа, ученикот ќе се вакцинира со трета доза.
Учениците треба да се вакцинирани со вакцини признаени во ЕУ.
Селекцијата на учениците, потенцијални учесници во проектот, ќе ја изврши комисија за рангирање на учениците врз основа на одговорите од прашалниците и Критериумите за учество на ученици во проектите од програмата Еразмус+ КА229 – Стратешки партнерства за училишни размени. Од пријавените ученици ќе се одберат 4 (четири) ученици коишто ќе бидат дел од проектниот тим чија задача е да ги координираат активностите во училиштето за времетраењето на проектот. Сите останати што нема да бидат селектирани ќе можат да се вклучат при самата реализација на активностите со што стануваат потенцијални учесници во мобилностите во овој или во другите проекти.
За критериумите за учество и за содржината на проектот прочитајте во документите дадени на линковите:
Линк до резимето на проектот „Нашиот живот во наши раце“ (“Our Life in Our Hands“): https://drive.google.com/file/d/1Tw1_rKFOFv89jceduuseDjZ6S7NIqA0x/view?fbclid=IwAR2-94IEwIOF-a7Fp_QLDk-jeLwtTFZECsPJy-OvFzjffAFKw1nBYczHxEU
Линк до Критериумите за учество на ученици во ЛТТ активност на Крит, Грција, во рамките на Еразмус+ проектот „Нашиот живот во наши раце“:
https://drive.google.com/file/d/1PQxHu9cGATzEp2U2eS6vgUTRlKleVV0E/view?usp=sharing
Линк до апликацискиот формулар за учество во ЛТТ активност на Крит, Грција, во рамките на Еразмус+ проектот „Нашиот живот во наши раце“ (“Our Life in Our Hands“): https://docs.google.com/forms/d/1ddInS28PUA464tKwycwrQNEGbr30LnFVBTcVFd7QaV0/edit?usp=sharing