In Erasmus+, Проекти

Повик за наставници и друг кадар за учество во Еразмус+ проект
Се повикуваат вработените во СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ да се пријават за учество во програмата за мобилност во Еразмус+ проектот „Здрави чекори за дигитализација“ во рамките на програмата KA210-SCH – Партнерства од мали размери во училишното образование.
Во проектот освен нашето училиште се вклучени уште 3 (три) партнер организации (од Полска, Италија и Турција).
Времетраењето на проектот е една година (2022-2023), во текот на која континуирано ќе се реализираат разновидни тематски активности во сите партнерски организации вклучени во проектот, а во текот на проектот ќе се реализираат четири мобилности со размена на наставници.
Ве известуваме дека на веб-страницата на училиштетото е поставен апликациски формулар за учество. Крајниот рок за поднесување на формуларите ќе биде до 25.11.2022 год. (петок), а резултатите од селекцијата ќе бидат објавени на 29.11.2022 год. (вторник).
Селекцијата на потенцијалните учесници во проектите ќе ја изврши комисија за рангирање врз основа на одговорите од прашалниците и Критериумите за учество на наставници и друг ненаставен кадар во проектите од програмата Еразмус+ KA210-SCH Партнерства од мали размери во училишното образование. Од пријавените ќе се одберат четири наставници кои ќе се приклучат на проектниот тим чија задача е да ги координира активностите во училиштето за времетраењето на проектот. Сите останати што нема да бидат селектирани ќе можат да се вклучат при самата реализација на активностите со што стануваат потенцијални учесници во мобилностите во овој или во други проекти. Повеќе информации за самиот проект за заинтересираните има на следниот линк:
Линк до резимето на проектот „Здрави чекори за дигитализација“ (“Healthy Steps To Digitalization“): https://drive.google.com/file/d/1_mDtKaVpVT_TUKmIwYaOZzZi4kUUKK8z/view?usp=share_link

Линк до апликацискиот формулар за проектот „Здрави чекори за дигитализација“ (“Healthy Steps To Digitalization“):

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe25IDuTeM4vfAt796DbeQbke2NhZ4smouSngAGXL4jhhH5dw/viewform

Линк до Критериумите за учество на наставници и друг ненаставен кадар во проектите од програмата Еразмус+ KA210-SCH Партнерства од мали размери во училишното образование
https://drive.google.com/file/d/1tNQFtsf-U9c_l20tZkpxi73GMkeZiLza/view?usp=share_link

Recent Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt