Еко одбор

Програмата ,,Еко-училиште” е еден од проектите на едукативната програма ,,Немаме резервна планета” и има за цел стекнатото знаење на темата животна средина да се примени и во пракса. Преку оваа програма ќе се подигне свеста на учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница на темата заштита на животната средина, а со тоа ќе се овозможи теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот.

Има формирано еко-одбор кој ја анализира состојбата на животната средина и изработува план на активности и еко-кодекс, а заштитата на животната средина е поврзана со редовната настава.

Во соработка со невладината организација Go Green, која активно работи во полето на младински активизам, еколошко образование и зелена економија, во нашето училиште е основан Биди зелен клуб. Овој клуб е дел од Биди зелен мрежата на средношколски клубови, која има за цел да ги едуцира, но воедно и да ги мотивира средношколците да преземат активности кои се насочени кон кревање на еколошката свест и заштита на животната средина. Воедно, сите активности што се преземаат, се организирани од учениците кои се членови на Биди зелен клубот и често во соработка со другите клубови од Биди зелен мрежата, со што се развиваат организациските способности и чувството за тимска работа. Биди зелен клубот работи според годишен план, кој е направен од самите членови на БЗК – СУГСГ “Јосип Броз – Тито” и кој е изгласан на Младинското собрание на НВО Go Green.

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt