Хорот при гимназијата на Јосип Броз Тито е долга традиција која датира одкако е основана гимназијата пред 75 години. Тој хор порано го воделе различни професори, диригенти и некои елинти македонски композитори. Овој хор настапува секогаш како за потребите на училиштето така и за потребите во општината и на други манифестации. Тој порано броел сто членови и бил мешан хор а денес е составен од 60 девојки.

Повеќе од 30 години хорот го раководи професорката Силвана Гелеска која со него има освоено бројни награди на различни манифестации и натпревари. Највредни се оние кои се заслужени на хорските смотри и воглавно се прво место. Мината година хорот настапувал девет пати а оваа година се очекува и повеќе.

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt