Со куќен ред на Училиштето се регулира редот, дисциплината, односите меѓу учениците, наставниците и наставата во Училиштето. Според Законот за средно образование, како и Статуот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитна-образовна работа, а истовремено имаат и обврски кои што треба да ги исполнуваат и почитуваат.
- Училиштето работи во две смени. Прва смена од 7:30 – 13:15, втора смена од 13:30 – 19:15.
- Учениците доаѓаат на настава најдоцна пет минути пред почетокот нанаставата. Главниот влез се затвора во 7.30 часот односно во 13.30часот.
- По завршувањето на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставни активности.
- Учениците не минуваат низ службениот влез на училиштето.
- Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, уверенија и сл.)
- Ученикот како субјект во воспитно-образовниот процес да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и да ги знае своите права и одговорности и да се прилагодува на новите барања.
- Учениците да ги почитуваат законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко.
- Секогаш да служи како пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики, да внимава на својот морален лик.
- Да се почитуваат аргументите на другите и да не се даваат непристојни коментари.
- Секој ученик треба да биде ценет како личност без оглед на неговите способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповед и социјална положба.
- Ученикот да има совесен, одговорен и хуман однос кон сите во Училиштето.
- Да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители ида ја цени меѓусебната зависност на индивидуи и групи.
- Во случај кога наставникот од било која причина не е на часот подолгоод 10 минути, потребно е дежурниот ученик да го извести раководителот на смена, заради регулирање на часот.
- Додека трае часот, забрането е излегување од часот и шетање низходници за да не се наруши текот на наставата.
- За време на наставата потребно е во училишната зграда да има работна дисциплина.
- Се забранува групно и индивидуално напуштање на часови. Поради истото на учениците ќе им бидат изречени педагошки мерки.
- Оние паралелки кои групно ќе го напуштат часот нема да дежураат во текот на годината.
- Должност на сите ученици е да ја одржуваат хигиената во училниците,ходниците, тоалетните простории.
- Најстрого е забрането пушење во училиштето и внесување на дрога иалкохол.
- Најстрого се забранува непочитување, нарушување на личноста и угледот и физичкиот интегритет на соучениците, вработените инаставниците во и надвор од училиштето.
- Најстрого се забранува предизвикување на тепачки, а меѓусебните недоразбирања учениците да ги решаваат на другарски начин, сами иливо рамките на Класната заедница, или во соработка со раководителот на паралелката.
- Должност на сите ученици е културно и домаќински да се однесуваат кон училишниот имот, кабинетите, компјутерите, училишниот инвертар, инсталациите и слично. Секоја направена штета ќе се надокнадува, а за одредени штети се изрекуваат педагошки мерки според Статутот научилиштето.
- Должност на сите ученици за време на одморите да внимаваат на хигиената во холот на училиштето и во училишниот двор (отпадоци,отпушоци да бидат фрлани во соодветни корпи за отпадоци).
- Забрането е да се пишува во зградата на училиштето.
- Најдоследно е да се почитува правилникот за употреба на учебниците, а тоа значи:
- На почетокот на учебната година, сите ученици ќе добијат комплет бесплатни учебници.
- За истите ќе потпишат документ за што се обврзуваат да ги врататво исправна состојба.
- Учениците не смеат да ги оштетуваат, бележат и поцртуваат одредени реченици или делови од текстот на учебникот
- По завршувањето на наставната година, учениците се должни да ги вратат учебниците неоштетени и во добра состојба
- Ако ученикот не го врати комплетот на учебници или врати оштетен, неговиот родител односно старател ќе ја надомести вредноста на комплетот на учебници.
- Степенот на оштетување на учебниците ќе го утврдува комисија формирана од страна на Директорот
- Најдоследно да се почитува правилникот за заштита и користење на компјутерите кој се наоѓа во секој кабинет(истиот треба да се третира со секој предметен наставник, а истото да се евидентира во дневникот за евиденција).
- Посебно место во животот и работата на учениците во училишната зграда треба да зазема развивањето на еколошка свест и чувањето на работната средина во и надвор од училиштето.
- Забрането е користење на мобилен телефон за време на часовите, истиот мора да биде исклучен.
- Изостанувањата на учениците, нивните родители ги оправдуваат во рок од три до пет дена.
- Учениците кои се истакнуваат со својата работа, испех и поведение, ќе бидат наградени и пофалени.
- Пофалбите, дипломите на наградените ќе им бидат доделени на крајот на наставната година.