Професорката Силвана Гелеска и колешката Снежана Џајковска работат на подготовката на училишниот бенд кој опстојува повеќе од 20 години и се состои од 6 члена ( 5 инструменталисти и еден вокал).
Тој настапувал на различни манифестации од кои најголема гордост е Рок концертот во Белград минатата година, во рамките на потпишаниот меморандум со уште 5 гимназии од поранешните Југословенски републики. Наредната година бендот ќе настапува на истата манифестација но во Сараево и со различна програма.