Црвен крст на град Скопје поддржан од Меѓународен комитет на Црвен крст продолжува со спроведување на проектот Промоција на хумани вредности.
Проектот е домашен производ создаден во склад со локалните обичаи и културни норми. Во создавањето на проектот учествувале и учестуваат многу луќе но за автори на проектот се сметаат Екатерина Џајковска, Херби Елмази и Дарко Јорданов.
Проектот е инициран во 1996 година од страна на Норвешки Црвен крст, а подготвен од страна на Меќународен комитет на Црвен крст во соработка со Црвен крст на Р. Северна Македонија и Министерството за образование и наука.
Во рамките на ПХВ проектот е изработен прирачник со вежби, одржани се 344 нагледни часови во 84 средни училишта во кои учествувале преку 8000 ученици и 920 професори и 72 тридневни ПХВ работилници на кои присуствувале 2880 ученици и 520 професори и 188 претставници на Црвен крст на Р. Северна Македонија.
Според договорот меќу Црвен крст на град Скопје и Министерство за образование и наука претставено од Бирото за развој на образование во учебната 2004/5 година проектот се изведува во 11 гимназии од 9 града во рамките на проектните активности по македонски односно албански или турски јазик и литература на тема новинарство или етнологија. Во учебната 2005/2006 година проектот беше имплементиран во 6 училишта во 5 града во Република Северна Македонија, но исто така преку новиот модел за дисеминација за млади како пилот проект влезе преку Општинските Организации на Црвен крст Карпош, Гостивар, Охрид, Кочани и Тетово.
Со започнувањето на ЦКА-ПХВ циклусот 2006/2007 во септември 2006 година, ЦКА-ПХВ проектот беше имплементиран во сите 34 ООЦК во Р.М. Во текот на овој циклус во него беа вклучени и зедоа активно учество вкупно 1189 младинци на возраст од 14 до 19 години од цела Северна Македонија. После завршуванјето на ЦКА-ПХВ обуката овие млади луѓе беа поттикнати и маотивирани да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во која што живеат. Во текот на ЦКА-ПХВ циклусот 2006/2007 беа изработени 81 мал проект. Како резултат на продолжување на успехот и успешната работа во текот на 2007/2008 година беа изработени 115 мали проекти.
Цели на проектот
- Промовирање на Основните принципи и хумани вредности на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина
- Подготвеност и делување при катастрофи
- Обезбедување на хуманитарна и социјална помош на населението
- Здравствена грижа преку заштита на животот, здравјето и човековото достоинство
- Почит кон луѓето, недискриминантност врз основа на национална припадност, раса, пол, верско или политичко убедување
- Развивање и масовност на волонтерската служба