Со куќен ред на Училиштето се регулира редот, дисциплината, односите меѓу учениците, наставниците и наставата во Училиштето. Според Законот за средно образование, како и Статуот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитна-образовна работа, а истовремено имаат и обврски кои што треба да ги исполнуваат и почитуваат.

  1. Училиштето работи во две смени. Прва смена од 7:30 – 13:15, втора смена од 13:30 – 19:15.
  2. Учениците доаѓаат на настава најдоцна пет минути пред почетокот нанаставата. Главниот влез се затвора во 7.30 часот односно во 13.30часот.
  3. По завршувањето на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставни активности.
  4. Учениците не минуваат низ службениот влез на училиштето.
  5. Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, уверенија и сл.)
  6. Ученикот како субјект во воспитно-образовниот процес да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и да ги знае своите права и одговорности и да се прилагодува на новите барања.
  7. Учениците да ги почитуваат законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко.
  8. Секогаш да служи како пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики, да внимава на својот морален лик.
  9. Да се почитуваат аргументите на другите и да не се даваат непристојни коментари.
  10. Секој ученик треба да биде ценет како личност без оглед на неговите способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповед и социјална положба.
  11. Ученикот да има совесен, одговорен и хуман однос кон сите во Училиштето.
  12. Да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители ида ја цени меѓусебната зависност на индивидуи и групи.
  13. Во случај кога наставникот од било која причина не е на часот подолгоод 10 минути, потребно е дежурниот ученик да го извести раководителот на смена, заради регулирање на часот.
  14. Додека трае часот, забрането е излегување од часот и шетање низходници за да не се наруши текот на наставата.
  15. За време на наставата потребно е во училишната зграда да има работна дисциплина.
  16. Се забранува групно и индивидуално напуштање на часови. Поради истото на учениците ќе им бидат изречени педагошки мерки.
  17. Оние паралелки кои групно ќе го напуштат часот нема да дежураат во текот на годината.
  18. Должност на сите ученици е да ја одржуваат хигиената во училниците,ходниците, тоалетните простории.
  19. Најстрого е забрането пушење во училиштето и внесување на дрога иалкохол.
  20. Најстрого се забранува непочитување, нарушување на личноста и угледот и физичкиот интегритет на соучениците, вработените инаставниците во и надвор од училиштето.
  21. Најстрого се забранува предизвикување на тепачки, а меѓусебните недоразбирања учениците да ги решаваат на другарски начин, сами иливо рамките на Класната заедница, или во соработка со раководителот на паралелката.
  22. Должност на сите ученици е културно и домаќински да се однесуваат кон училишниот имот, кабинетите, компјутерите, училишниот инвертар, инсталациите и слично. Секоја направена штета ќе се надокнадува, а за одредени штети се изрекуваат педагошки мерки според Статутот научилиштето.
  23. Должност на сите ученици за време на одморите да внимаваат на хигиената во холот на училиштето и во училишниот двор (отпадоци,отпушоци да бидат фрлани во соодветни корпи за отпадоци).
  24. Забрането е да се пишува во зградата на училиштето.
  25. Најдоследно е да се почитува правилникот за употреба на учебниците, а тоа значи:
  • На почетокот на учебната година, сите ученици ќе добијат комплет бесплатни учебници.
  • За истите ќе потпишат документ за што се обврзуваат да ги врататво исправна состојба.
  • Учениците не смеат да ги оштетуваат, бележат и поцртуваат одредени реченици или делови од текстот на учебникот
  • По завршувањето на наставната година, учениците се должни да ги вратат учебниците неоштетени и во добра состојба
  • Ако ученикот не го врати комплетот на учебници или врати оштетен, неговиот родител односно старател ќе ја надомести вредноста на комплетот на учебници.
  • Степенот на оштетување на учебниците ќе го утврдува комисија формирана од страна на Директорот
  1. Најдоследно да се почитува правилникот за заштита и користење на компјутерите кој се наоѓа во секој кабинет(истиот треба да се третира со секој предметен наставник, а истото да се евидентира во дневникот за евиденција).
  2. Посебно место во животот и работата на учениците во училишната зграда треба да зазема развивањето на еколошка свест и чувањето на работната средина во и надвор од училиштето.
  3. Забрането е користење на мобилен телефон за време на часовите, истиот мора да биде исклучен.
  4. Изостанувањата на учениците, нивните родители ги оправдуваат во рок од три до пет дена.
  5. Учениците кои се истакнуваат со својата работа, испех и поведение, ќе бидат наградени и пофалени.
  6. Пофалбите, дипломите на наградените ќе им бидат доделени на крајот на наставната година.
Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt