На 7 декември 2018 г. во Мултимедијалниот центар – Мала станица во Скопје беше отворена изложбата „Дај му форма на животот“, како дел од проектот „Уметност за сите“ под покровителство на Министерството за култура и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
На изложбата беа претставени изработките од креативните работилници во кои беа вклучени учениците од училиштето за деца со оштетен слух и говор „Партенија Зографски“, од училиштето за слепи лица „Димитар Влахов“ и од паралелката за меѓународна матура од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Скопје. На отворањето беше прикажан и краткиот филм изработен за време на работилниците. Изложбата ќе биде отворена до 17 декември 2018 г.
Recent Posts