Во Новости

Во рамки на програмата “Only Sky Is the Limit” која има за цел учениците да ги насочи кон студиски програми на најреномираните универзитети од целиот свет, учениците проследија презентација за New York University Abu Dhabi која ја водеше Justin Van Dyke од Institute for International Education. Учениците се запознаа со академските програми и можностите за стипендирање. NYU е партнер на СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито “Скопје уште од 2011 год. Во изминатиот период 4 ученици се имаат стекнато со стипендија за студирање на престижниот универзитет. Програмата за запознавање со меѓународни студиски програми и стипендирање е под менторство на професорката Гордиана Ѓоргова – Координатор на програмата за Меѓународна матура.

Recent Posts

Оставете коментар

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Не се чита? Промени текст. captcha txt