In Новости

Во рамките на соработката со НУБ “Св. Климент Охридски” – Скопје, на ден 21.02.2019 година, се реализира посета на истата од страна на учениците од IB Програмата заедно со одговорните професорки д-р Гордијана Ѓоргова и Јулија Ликоска – Угриноска.
Имено, станува збор за обука преку презентација од страна на стручно лице од библиотеката м-р Миодраг Дадасовиќ кој ги запозна учениците со начинот и можностите за пребарување на стручна литература од фондовите COBISS, OPAC и EBSCO.
Целта на оваа обука е нашите ученици да ги изработат своите матурски теми и проектни задачи на оригинален и квалитетен начин.

Recent Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt